„Постојано имав инфекции од развратните забави, ме силуваше кога му раскинав“: Второ вознемирувачко сведоштво на бившата на Пи Диди
- Детали
- четврток, 15 мај 2025
Во второто сведочење, Кеси Вентура вели дека поради развратните секс забави на кои ја присилувал Пи Диди, постојано имала уринарни инфекции, а од честото користење дрога, имала сериозни дигестивни проблеми. Поротата виде и неколку фотографии од забавите, но и фотографии од повредите што Диди ѝ ги нанесувал на Кеси додека беа заедно.

Поранешната девојка на Шон Комбс, попознат како Пи Диди, е третиот сведок во случајот против раперот, а вчера (14.05) вторпат се соочи во судница со него.
На првото сведочење, Кеси Вентура откри детали за развратните забави на раперот, а вчера зборуваше за последиците по нејзиното психичко и ментално здравје од тортурата што ја трпела.
Денес Кеси е во брак и има две деца, а моментално со сопругот го очекуваат третото дете. И покрај тоа што е во осмиот месец од бременоста, таа одлучи да се појави во судница.
Покрај вознемирувачкото сведоштво на Кеси, на поротата ѝ беа покажани неколку фотографии од забавите што ги организирал раперот, на кои се гледа Кеси со неколку машки проститутки.
За да се заштити нејзиното достоинство, фотографиите ги видоа само адвокатите, судијата и членовите на поротата.
Кеси одговараше и на прашања од обвинителите поврзани со развратните забави и насилството што го трпела од раперот.
На прашањето дали некогаш пробала да се одбрани, Кеси одговори дека на почетокот од врската се обидувала и некогаш ова помагало. Сепак, со текот на времето, кога се обидувалa да се одбрани, раперот станувал уште погневен и понасилен, па се плашела дека ќе ја повреди уште повеќе.
Кеси зборуваше и за видеото од 2016 година, снимено од безбедносните камери на хотел каде раперот брутално ја напаѓа.
По инцидентот, Кеси си заминала дома, по што раперот ѝ ѕвонел и ѝ пишувал пораки да се врати.
Кеси направила и фотографија од повредите која ја видоа адвокатите и поротата, но не беше покажана во јавност. Но, во јавност се споделени фотографии од хотелот на кои се гледа скршена вазна која раперот ја фрлил кон Кеси.
Што се однесува до забавите и машките проститутки, Кеси уште еднаш кажа дека раперот ја терал таа да ги најмува.
Кеси била заробена од раперот бидејќи тој имал контрола над нејзината кариера, а со тоа и нејзините пари, а ја уценувал со видеата и фотографиите што ги правел на забавите.
„Кога ми беше налутен за нешто, ми се закануваше со видеата. Ова се случуваше често. Ќе ми речеше дека ќе ги објави, ќе ме посрамоти и ќе ми ја уништи кариерата…
Се плашев за мојата кариера. Се плашев за моето семејство. Бев засрамена. Со видеата можеше да уништи сè што пробував да изградам. Да направи да изгледам како к***а“.
Кеси истакна и дека не сакала да ја има на видеата и фотографиите, како и дека еден период раперот ја лажел дека ги избришал, но потоа повторно почнал да ја уценува со нив.
„Мислев дека е доволно луд да ги објави онлајн и потоа ќе требаше да ѝ објаснувам на мајка ми што се случува. Се чувствував заробено“.
Кеси зборуваше и за последиците по нејзините физичко здравје од секс забавите кои траеле со денови.
По секоја ваква забава, раперот ја носел во неговиот дом каде имале масажи и приватен готвач. Овој период, Кеси призна дека била зависна од опијати кои ги пиела по секоја забава за да не чувствува ништо – ни физички, ни психички.
