„Постојано имав инфекции од развратните забави, ме силуваше кога му раскинав“: Второ вознемирувачко сведоштво на бившата на Пи Диди
Поради силувањата, Кеси постојано имала уринарни инфекции за кои веќе ни антибиотици не ѝ помагале.
„Имав проблеми со стомакот поради користењето дрога. И, често добивав уринарни инфекции – ако некогаш сте имале, знаете колку можат да бидат болни.
Не можев да се ослободам од нив, па морав да одам на забавите со инфекција“.
Кеси уште еднаш потенцира дека раперот често ја тепал, а пред да раскинат, почнала да губи и свест од насилството.
„Почнав да губам свест. Знам дека Шон (Пи Диди) беше загрижен дека имам епилептични напади, почнав и да месечарам… Како телото да ми кажуваше дека е доста“.
Раперот бил насилен и кон други луѓе, а Кеси раскажа за ситуација кога нападнал една од нејзините пријателки во нејзиниот дом.
„Јас спиев во мојата соба и кога излегов, го видов како ја држи над балконот, а потоа ја фрли на гарнитурата“.
Нападнатата жена исто така го тужеше раперот за силување, како и за насилството што го трпела Кеси, а на кое таа често сведочела.
Кога Кеси конечно собрала храброст да му раскине на раперот, тој ја силувал.
Во 2018 година откако му кажала дека сакаат дa се разделат, Кеси вели дека имале мирна вечера каде и двајцата се согласиле дека треба да стават крај. Но, истата вечер Диди отишол кај неа и ја силувал во нејзиниот дом.
„Се сеќавам дека плачев и дека му викав не, но се случи многу брзо… Очите му беа црни, како да беше друга личност. Кога заврши, само се облече и си замина“.
Кеси вели дека ни самата не знае на колку од забавите на Диди присуствувала и изјави дека се чувствувала толку виновно, одвратно и засрамено, што помислувала да изврши самоубиство.
Ова се случувало на почетокот на 2023-та, неколку години откако раскинала со раперот и веќе добила деца со сегашниот сопруг.
„Снимав видео со друг музички артист и постојано мислев на одвратните забави. Си отидов дома и беше многу доцна.
Децата спиеја и се сеќавам дека му реков на сопругот дека може без мене, дека не му требам. Не можев да ја издржам болката, па сакав да истрчам на улица, среде сообраќај, но сопругот не ми дозволи“.
Во 2019 година, Кеси се венча со Алекс Фајн – фитнес тренер кој го запознала бидејќи Диди го најмил за неа.
Кога се венчале, раперот сметал дека тренерот треба да му ги врати парите, па ѝ пишувал заканувачки пораки на Кеси.
Таа, пак, му одговорила дека ќе ја каже целата вистина. Кеси откри и дека Диди ѝ платил 20 милиони долари за да молчи за силувањата, забавите и насилството.
Пи Диди ги негира сите обвиненија и неговата одбрана стои на ставот дека освен повременото физичко насилство, немало никакво силување или принудување на секс за време на забавите.
Исто така, неговите адвокати рекоа дека ќе приложат докази дека и Кеси била насилна во врската.
Судењето на Диди ќе трае десет недели, а се очекуваат сведоштвата на три наводни жртви чиј вистински идентитет не е познат. Исто така, се очекува да сведочат и поранешни соработници на Диди.
Погледнете и: „Ме дрогираше и со денови ме тераше да спијам со други мажи за да ме снима“: Бившата на Диди со потресно сведоштво на суд
Спирова С. | Црнобело
