Беше Плејбој зајачица и живееше во раскош, сега е бездомник: Тажната приказна на Луиз Гловер
- Детали
- недела, 18 мај 2025
Порано Луиз била нарекувана „британската Кармен Електра“... Но, сè се променило кога на 27 години добила сепса (бактериска инфекција на крвта) и доживеала срцев удар по операција за импланти на гради. Денес, спие во својот автомобил и во шатор.
Луиз Гловер е првата британска манекенка која се појавила на насловната страница на американскиот магазин Плејбој.
Но, гламурозниот начин на живот исчезнал, а таа сега е бездомник и живее во шатор и автомобил.
На 20-годишна возраст, моделот и подоцна персонален тренер Луиз Гловер живеела бесплатно во мултимилионската вила на Хју Хефнер во Лос Анџелес, каде што се дружела со ѕвезди како Леонардо ди Каприо и Ријана.
Денес, на 42 години, животната ситуација на Луиз е далеку од луксузниот начин на живот што некогаш го водела.
Таа пред шест месеци морала да се откаже од својот дом поради кризата со трошоците за живот.
Нејзиниот бизнис со фитнесот опаѓал, а таа повеќе не можела да си плаќа кирија.
Луиз, која во минатото заработувала многу, за магазинот „The Sun“ изјави дека луѓето често ѝ велат: „Пронајди си работа“, но таа вели дека не е лесно...
„Се пријавувам на многу работни места и давам сè од себе да најдам работа.
Но, многу е тешко. Се надевам дека ќе се вратам на тоа да бидам персонален тренер“, вели таа.
Во обид за како што вели „не само да преживее, туку да живее повторно“, Луиз започнала GoFundMe кампања со цел да собере пари за да си купи куќичка на вода.
„Собирам средства за да купам скромен, функционален чамец во кој ќе живеам и да имам суво, безбедно место со покрив над главата и врата што ќе можам да ја заклучам.
Не мора да биде луксузен, само конструкциски здрав и сигурен, со потенцијал да се подобрува со време...“
Порано Луиз била нарекувана и „британската Кармен Електра“.
Но, сè се променило кога на 27 години добила сепса (бактериска инфекција на крвта) и доживеала срцев удар по операција за импланти на гради, по што била хоспитализирана пет седмици.
„За малку ќе умрев, толку бев лошо од инфекцијата“, изјави таа.
„Тоа беше момент на будење за мене“.
Продолжува на следната страница..
Би можело да ве интересира:





