Беше Плејбој зајачица и живееше во раскош, сега е бездомник: Тажната приказна на Луиз Гловер
По овој настан, Луиз се оддалечила од забавите и се фокусирала на здрав начин на живот, фитнес и нова кариера како тренер.
Потпишала договори со познати спортски брендови и освоила повеќе фитнес-награди, меѓу кои и „Miami Pro Universe“.
Но, и покрај своето достигнувањата, не успеала да се спаси од последиците на поскапувањето на трошоците за живот.
Во објавата на GoFundMe Луиз вели дека минатите месеци ги поминува спиејќи во шатор, автомобил или повремено кај луѓе кои ги наоѓа за дневно чување на нивните кучиња или преку Airbnb, кога може да си дозволи.
„Јас сум самовработена од 18 години, прво како професионален модел, па потоа како личен тренер, но таа работа беше сезонска.
Последниве пет години се обидував како шетач на кучиња, но работата сè повеќе се намалуваше, а цените растеа.
Го изгубив местото за живеење и можностите за работа станаа ретки“, гласи нејзината исповед.
Кога побарала помош од локален центар за бездомници, ѝ било речено дека не ги исполнува условите: „Немам деца, не земам социјална помош, ги изгубив и двајцата родители, и немам партнер. Им реков дека спијам во автомобил и ми дадоа само ќебе. Сфатив дека нема да добијам државна помош...“
Таа вели дека животот без дом ѝ предизвикал дневни мигрени и анксиозност и дека преживува со вода и евтини оброци од продавници.
„Луѓето често ми велат дека не изгледам бездомно.
Но, ситуацијата не е секогаш така како што изгледа. Можеш да бидеш бездомник и да изгледаш 'нормално'.
Постојат различни нивоа - некои спијат на улица, други кај пријатели, во автомобили или шатори. Тоа е стресно, исцрпувачки и штетно за менталното здравје.
Луѓето треба да престанат да судат според изглед.
Со стабилноста што би ја добила, ќе можам повторно да јадам здраво, да се одморам без страв и да се посветам на работа.
Со години собирав средства за хуманитарни цели, вдомував кучиња и волонтирав по светот по природни катастрофи.
Секогаш сум давала, а сега, првпат во животот, барам малку помош“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





