Девојки полиени со шампањ, недозволени супстанци – Фотографии од забавите на Пи Диди кои досега се откриени на судењето
Повредите на Кеси
Поранешната девојка на Диди, Кеси, сведочеше повеќе од 4 дена, а откри дека со години била жртва на неговото насилство и приморувана на неговите забави.
Обвинителството покажа фотографии од нејзините повреди.
На една од нив, нејзините усни се отечени, а повредата настанала во хорор епизода во хотел во Лос Анџелес, кога била исфрлена, тепана и влечена од Диди, за што има и снимка.
На друга фотографија, се забележува исекотина на веѓата, која наводно ја добила откако Диди ја фрлил во рамка од кревет во Канада, а прикажани се и други докази на кои таа има модринки, наводно од раперот.
Познати личности кои учествувале на забавите на Диди
Не сите фотографии покажуваат дека гостите на забавите прават нешто забрането, но прикажуваат кои луѓе се забавувале додека девојки биле дрогирани и искористувани.
Меѓу нив е Леонардо ди Каприо, Кеси прегрната со Комбс, но и со нејзината другарка Кери Морган, а на фотките се гледа како некои од нив седат на кауч, се забавуваат, пијат или Диди ги потура со шампањ.
Прочитајте и „Постојано имав инфекции од развратните забави, ме силуваше кога му раскинав“: Второ вознемирувачко сведоштво на бившата на Пи Диди
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





