Скандал во Кан - Дензел Вашингтон се расправа со фотограф, мавта со прст кон него на црвениот тепих
- Детали
- среда, 21 мај 2025
„Еј, немој да го направиш тоа уште еднаш - престани. Да ти кажам, престани, престани, немој веќе да си ставил рака на мене. Тебе ти зборувам - престани“ - му се развика Вашингтон на насмеаниот фотограф.
Оскаровецот Дензел Вашингтон се најде среде нов скандал, откако на црвениот тепих во Кан се расправаше со еден од бројните фотографи.
Вашингтон, видно вознемирен и лут, мавта кон фотографот и го вперува прстот кон него, додека фотографот делува опуштено и се смее.
Инцидентот се случил откако фотографот, наводно, го допрел актерот по рамото.
Читач на усни, кој бил ангажиран од Daily Mail, вели дека Вашингтон му се развикал на фотографот со зборовите:
„Еј, немој да го направиш тоа уште еднаш - престани. Да ти кажам, престани, престани, немој веќе да си ставил рака на мене. Тебе ти зборувам - престани“.
На ова, фотографот низ насмевка му вратил: „Не е дозволено, да, да, да“.
Како намерно да сака да го испровоцира, фотографот уште еднаш го допрел, овој пат за да го праша дали може да го фотографира.
Ова дополнително го изнервирало Вашингтон, кој повторно се завртел кон фотографот.
„Престани, престани, престани. Сериозен сум, доста, престани“.
Освен фотографот вклучен во инцидентот, и останатите фотографи близу него се смееле и покрај вознемиреноста на Дензел.
Но, ова не е прв инцидент на актерот со фотографи - низ годините тој неколкупати се нашол во жолчна расправија со нив.
Инаку, на Филмскиот фестивал во Кан, Дензел го промовираше својот нов филм Highest 2 Lowest, а потоа, на свое големо изненадување, доби почесна награда од фестивалот, Palme d’Оr, а му ја предаде легендарниот режисер Спајк Ли.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





