Го скара Бруклин со Бекамови, турнала дадилка по скали: „Никола Пелц отсекогаш била разгалена богаташка“

Во 2015 година, Бела Торн зборуваше за млада холивудска актерка која ја опиша како „многу, многу злобна девојка“.

go-skara-bruklin-so-bekamovi-turnala-dadilka-po-skalite-nikola-pelc-otsekogash-bila-razgalena-bogatashka-04.JPG

Тој период Никола имаше 20 години и пробуваше да се пробие во филмската индустрија, што значи сосема возможно е да се сретнала со Бела.

„Се држам настрана од неа по секоја цена. Не дека ја мразам бидејќи е милијардерка. Туку не ја сакам бидејќи постојано ги потсетува сите дека е милијардерка. Никогаш не се поздравувам со неа.

Другите од нејзиното семејство не се злобни како неа. Само таа е таква. Една од причините што ја мразам е бидејќи е милијардерка откако е родена, никогаш не морала да работи за ништо во животот“, гласи изјавата на Бела за магазинот HuffPostLive.

go-skara-bruklin-so-bekamovi-turnala-dadilka-po-skalite-nikola-pelc-otsekogash-bila-razgalena-bogatashka-05.JPG

За потсетување, таткото на Никола е милијардер чие богатство се проценува на 1,6 милијарди долари.

Кога Бела ја даде изјавата, со Никола се движеле во исти кругови, па сега, кога ќе се земе предвид што се случува со Бекамови, јавноста е сигурна дека „разгалената богаташка“ е Никола Пелц.

go-skara-bruklin-so-bekamovi-turnala-dadilka-po-skalite-nikola-pelc-otsekogash-bila-razgalena-bogatashka-02.JPG

„Никола е актерка на иста возраст со Бела, па можеби се натпреварувале за некои улоги. Никола снимаше филм со сегашниот дечко на Бела, па може и поради тоа имаат проблеми. Покрај тоа, Никола е милијардерка од мала“.

„Зборува за Никола Пелц“.

„Бела Торн е блиска со брат ѝ на Никола, но неа ја мрази“.

go-skara-bruklin-so-bekamovi-turnala-dadilka-po-skalite-nikola-pelc-otsekogash-bila-razgalena-bogatashka-2.JPG

Ова не е првпат да се зборува за разгаленото однесување на Никола.

Во периодот кога се венча со Бруклин, се појавија гласини дека Никола се однесувала ужасно со послугата во нејзиниот дом и во една пригода дури и ја турнала нејзината дадилка по скалите.

„Најмладата ќерка на Пелц (Никола) постојано им се заканува на слугинките дека ќе ги отпушти ако не ја слушаат. И, не блефира.

Последната дадилка на Никола присилно беше изнесена од куќата со обезбедување откако девојката одлучи дека повеќе не ја сака“, тврди еден извор.

go-skara-bruklin-so-bekamovi-turnala-dadilka-po-skalite-nikola-pelc-otsekogash-bila-razgalena-bogatashka-13.JPG

Друг извор вели дека тортурата што ја вршела Никола била толку лоша, што некои од послугата постојано биле под стрес и имале проблеми со менталното здравје, како и дека таа отсекогаш се однесувала како „разгалена богаташка“.

Според изворите, не само Никола, туку и нејзината мајка била злобна кон послугата - неретко ги терала да го чистат истото место по неколкупати само за да се „изживува“ над нив.

Засега Бекамови ја немаат коментирано целата ситуација со Никола и Бруклин.

Погледнете и: Детали за драмата кај Бекамови: Никола му забранува на Бруклин да ги гледа родителите, тие ја споредуваат со Меган Маркл

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Нови детали за убиството на режисерот и сопругата: Синот ги убил со нож додека спиеле, неговата соба... Ник Рајнер им ги пресекол грлата на родителите додека спиеле, по што изнајмил со...
Бруклин Бекам им го скрши срцето на Викторија и Дејвид – им кажал дека не сака никаков контакт со ни... Драмата кај Бекамови не престанува – нови извори тврдат дека Бруклин му кажал на...
Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...
Бруклин Бекам ладно ги изигнорира роденденските честитки од родителите: „Подготвени се да стават кра... „Не се само Викторија и Дејвид, и неговите три тетки исто така споделија објави ...
Детали за врската на Бруклин Бекам што заврши катастрофално: Ги разделуваше обезбедување, и таа ги м... Кратко пред да ја почне врската со Никола Пелц, Бруклин Бекам раскина 9-месечна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg