Џеј Ло мета на критики по бакнежот со танчарка на American Music Awards: „Очајна е, ќе направи сè за внимание“
- Детали
- вторник, 27 мај 2025
Настапот на Џеј Ло на доделувањето на American Music Awards беше оценет како „невкусен“ и „одвратен“ бидејќи пејачката се бакнуваше со танчар и танчарка на сцена. Бидејќи настанот се пренесува во живо, па го следи и млада публика, пејачката се соочи со многу критики.
Вчера (26.05) се одржа доделувањето на 51-те American Music Awards, а според голем дел од јавноста, ова е „најлошото издание досега“.
Со најмногу критики се соочи Џеј Ло која беше водителка на настанот и која ја отвори церемонијата што се одржа во Лас Вегас.
Џеј Ло го отвори настанот со 6-минутен настап во кој искомбинира 23 песни од номинираните музичари.
Иако пееше некои од најголемите хитови од изминатата година, на никој не му се допадна моментот кога почна да ги бакнува танчарите на сцена.
Додека танцуваше, Џеј Ло прво бакна еден машки танчар, а потоа сподели и бакнеж со една од танчарките, слично како контроверзниот бакнеж на Мадона и Бритни Спирс на MTV Video Music Awards во 2003 година.
Бидејќи настанот се пренесува во живо и го следи и млада публика, многумина ги оценија бакнежите како „невкусни“ и „одвратни“.
Некои, пак, сметаат дека Џеј Ло е очајна за внимание, како и дека можеби сака да го направи Бен Афлек љубоморен.
„Џеј Ло се изгуби“.
„Зошто Џеј Ло ги бакнува сите на церемонијата?“
„Очајна е. Сите ѕвезди го прават ова кога им се намалува славата – пробуваат да ја шокираат јавноста“.
„Не ми е јасно зошто мора да бакне некого на настапот“.
„Ми изгледа како очаен обид да му привлече внимание на Бен“.
„Подготвена е да направи сè за внимание“.
Погледнете го настапот:
Но, од друга страна, Џеј Ло доби комплименти за аутфитите додека го водеше шоуто.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





