Џеј Ло мета на критики по бакнежот со танчарка на American Music Awards: „Очајна е, ќе направи сè за внимание“
Џеј Ло ја промени облеката неколкупати – покрај комбинезонот со кој настапуваше, носеше долг сив фустан во комбинација со светлосина наметка, потоа облече златен фустан со висок шлиц, како и син фустан со светки.
Пејачката се појави и со фустан со реси кој ѝ ги истакна стомачните, а облече и црн комбинезон со многу низок струк.
Пејачката се појави и во елегантен фустан во крем боја со длабоко деколте.
Како што веќе спомнавме, годинешното издание на настанот ја разочара публиката, и тоа не само поради контроверзниот настап на Џеј Ло.
Голем дел од музичките ѕвезди кои беа номинирани воопшто не се појавија на настанот.
Тејлор Свифт, Бијонсе, Били Ајлиш и Сабрина Карпентер имаа и по неколку номинации, но го прескокнаа настанот и на церемонијата доминираа инфлуенсерки кои главно немаат никаква врска со музичката индустрија.
Исто така, доделувањето на наградите во дел од категориите воопшто не беше прикажано, што според јавноста е бесмислено.
Никој не беше воодушевен ни од настапите на другите ѕвезди бидејќи од големите имиња, на сцена беа единствено Џенет Џексон, Гвен Стефани, Род Стјуард и Глорија Естефан.
„Наградите беа голема утка. Немаше познати музичари и целиот настан делуваше конзервативно и чудно. Следната година не планирам да гледам“.
„Што изгледав? Немаше пренос за некои од најважните награди!“
„Музички награди, но каде се сите музичари? Видовме само инфлуенсери“.
„Каде се останатите категории?“
„Бидејќи ова е шоу за награди, очекуваме да доделувате награди. Сите сме збунети“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





