Бурниот љубовен живот на Брижит Бардо: Се венчала 4 пати, имала афери со над 20 мажи

Брижит самата била виновна за трите разводи бидејќи ги изневерила сопрузите. Но, со четвртиот сопруг е во брак веќе три децении и наводно му е верна уште од првиот ден.

burniot-ljuboven-zhivot-na-brizhit-bardo-se-venchala-4-pati-imala-aferi-so-nad-20-mazhi-01.jpg

Брижит Бардо, иако има 90 години и долг период не е активна, уште важи за една од најпознатите жени во светот.

Животот на француската актерка, пејачка и модел е исполнет со скандали и додека денес е во среќен брак, може да се пофали и со мошне бурен љубовен живот.

Брижит застанал пред олтар вкупно четирипати, но помеѓу имала врски и афери со бројни славни мажи – најмалку 20.

Детали за бурниот љубовен живот на Брижит Бардо:

Првпат се омажила на 18 години

Првиот сопруг на Брижит е режисерот Роџер Вадим со кого се венча во 1952-ра, на 18-годишна возраст.

Роџер, кој е шест години постар од Брижит, ѝ помогна да ја лансира својата актерска кариера, но нивниот брак траеше само пет години.

burniot-ljuboven-zhivot-na-brizhit-bardo-se-venchala-4-pati-imala-aferi-so-nad-20-mazhi-02_copy.JPG

Додека заедно работена на And God Created Woman, Брижит почна афера со колега од филмот – францускиот актер Жан-Луј Трентињан.

Следната година, 1957-ма, се разведе од Роџер кој, пак, вели дека не му пречело неверството.

„Знаев што се случува и како да очекував нешто такво. Отсекогаш повеќе сум сакал таква сопруга, да знам дека ми е неверна, отколку жена која ме сака само мене и никој друг.

Сакав жена со дух, жена со желба за авантура и сексуална љубопитност“, има изјавено режисерот.

По разводот со Брижит, Роџер стекна репутација на маж кој сака многу помлади жени и се венча со Џејн Фонда.

burniot-ljuboven-zhivot-na-brizhit-bardo-se-venchala-4-pati-imala-aferi-so-nad-20-mazhi-03.JPG

Ја продолжи аферата со колегата

Не се познати многу детали за врската на Брижит и актерот Жан-Луј.

Сепак, според автобиографската книга на актерката, биле во врска две години, па дури и живееле заедно, пред да стават крај.

burniot-ljuboven-zhivot-na-brizhit-bardo-se-venchala-4-pati-imala-aferi-so-nad-20-mazhi-04.JPG

Со вториот сопруг доби син

Во 1959-та, кратко по разделбата со Жан-Луј, Брижит се венча со актерот Жак Шарје.

Следната година тие добија дете, но Брижит самата има изјавено дека воопшто не сакала да стане мајка.

burniot-ljuboven-zhivot-na-brizhit-bardo-se-venchala-4-pati-imala-aferi-so-nad-20-mazhi-05.JPG

Вели, кога забременила била исплашена дека ќе ја изгуби фигурата, а бебето го нарекувала „тумор“ и се удирала по стомакот со надеж дека ќе го изгуби.

„Не сум создадена за да бидам мајка. Не сум доволно зрела. Знам дека е ужасно да го признаам ова, но не можам да се грижам за дете“, напиша Брижит во нејзините мемоари.

Таа и вториот сопруг се разведоа по три години заедно, и Брижит му го предаде целосното старателство над нивниот син.

burniot-ljuboven-zhivot-na-brizhit-bardo-se-venchala-4-pati-imala-aferi-so-nad-20-mazhi-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовниот живот на Брижит Бардо, жената со „сто љубовници“ (и четири сопрузи) Брижит Бардо веројатно немала партнер што не го изневерила и трипати се разведув...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава