Бурниот љубовен живот на Брижит Бардо: Се венчала 4 пати, имала афери со над 20 мажи

И третиот брак заврши поради афера

Во 1966 година, Брижит почна врска со германскиот милионер Гантер Закс.

„Мислев дека е прекрасен. Бев хипнотизирана… имаше ист Rolls Royce како мојот!“ – има изјавено актерката.

Таа откри и дека дента по нивниот прв состанок, Гантер пуштил илјадници рози од хеликоптер врз нејзиниот дом.

burniot-ljuboven-zhivot-na-brizhit-bardo-se-venchala-4-pati-imala-aferi-so-nad-20-mazhi-07.JPG

Парот се венча во Лас Вегас, по два месеца врска. Но, само неколку денови по венчавката, Брижит го изневерила со пејачот Мајк Сарн, па во 1969-та се разведоа.

Останаа во добри односи, а кратко по разводот, милионерот изјави:

„Една година со Брижит е како десет години со кој било друг“.

Прочитајте и: Своето дете го нарекувала тумор и одбивала да го дои - Што се случило со синот на Брижит Бардо?

 burniot-ljuboven-zhivot-na-brizhit-bardo-se-venchala-4-pati-imala-aferi-so-nad-20-mazhi-08.JPG

Имала уште една афера додека била во брак со Германецот Гантер

Пред третиот развод, Брижит имала афера со уште еден пејач – Французинот Серж Гензбур. За неа, францускиот пејач напишал две песни, кои подоцна станаа хитови – Bonnie et Clyde и Je t’aime… moi non plus.

Сепак, Брижит побарала едната песна да не биде издадена, од почит за тогашниот сопруг.

Пејачот ја послушал, но подоцна ја снимил уште еднаш, со нова девојка и песната станала огромен хит.

burniot-ljuboven-zhivot-na-brizhit-bardo-se-venchala-4-pati-imala-aferi-so-nad-20-mazhi-09.JPG

Уште е во брак со четвртиот сопруг

Брижит го запознала бизнисменот Бернард Дормал во јули 1992-ра, а се венчаа во август истата година.

Наводно, врската со бизнисменот ја натерала Брижит да го подобри односот со син ѝ што го нарекувала „тумор“.

burniot-ljuboven-zhivot-na-brizhit-bardo-se-venchala-4-pati-imala-aferi-so-nad-20-mazhi-10.JPG

„Две недели откако се сретнавме, Брижит му се јави на син ѝ бидејќи сакаше да се запознаеме. Се договоривме да се сретнеме во Норвешка. Пред да тргнеме, Брижит ми рече ’Зошто да не се венчаме додека сме таму?‘

Па, се венчавме во Норвешка, но без да привлекуваме внимание. Јас не сум човек кој сака внимание. Само нашите најблиски знаеја“, има изјавено бизнисменот.

Три децении подоцна, Брижит и Бернард уште се заедно.

Прочитајте и: Неколкупати пробала да се самоубие, си го мразела синот: Детали за бурната младост на Брижит Бардо

burniot-ljuboven-zhivot-na-brizhit-bardo-se-venchala-4-pati-imala-aferi-so-nad-20-mazhi-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовниот живот на Брижит Бардо, жената со „сто љубовници“ (и четири сопрузи) Брижит Бардо веројатно немала партнер што не го изневерила и трипати се разведув...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава