Кои се бившите на Леонардо ди Каприо (и што мислат за него)?

Тони Гарн

Актерот и германскиот модел Тони Гарн се гледаа во 2013 и 2014 година, но главно ја криеја врската од јавност.

Не е познато зошто точно раскинале, но наводно Тони го видела Лео како излегува од ноќен клуб во Мајами со 20 жени, по што решила да стави крај.

koi-se-bivshite-na-leonardo-di-kaprio-i-shto-mislat-za-nego-07.JPG

Бриџит Хол

Во 1990-тите, Леонардо имаше кратка врска со моделот Бриџит Хол. Откако раскинаа, некои медиуми објавија дека за него кажала дека е „лош во кревет“ и дека затоа го оставила.

Подоцна моделот ја негираше својата изјава.

koi-se-bivshite-na-leonardo-di-kaprio-i-shto-mislat-za-nego-08.JPG

Кристен Занг

Уште еден модел кој се гледаше со Леонардо во 1990-тите е Кристен Занг. Наводно, актерот пробувал да ја освои две години, па тешко го преболел раскинувањето.

Кристен, пак, го оставила бидејќи се однесувал многу незрело.

koi-se-bivshite-na-leonardo-di-kaprio-i-shto-mislat-za-nego-09.JPG

Виторија Серети

Леонардо и Виторија првпат беа забележани заедно во 2023 година.

Не се знае скоро ништо за нивната врска, но се шпекулира дека уште се заедно бидејќи актерот не бил забележан со друга девојка.

koi-se-bivshite-na-leonardo-di-kaprio-i-shto-mislat-za-nego-10.JPG

Џиџи Хадид

Во 2022-ра, актерт и Џиџи Хадид беа забележани заедно многупати и некои извори тврдеа дека се заедно.

Но, неколку месеци подоцна, сепак раскинале, наводно бидејќи и двајцата не биле подготвени за нешто сериозно и сакале повеќе да се фокусираат на кариерата.

koi-se-bivshite-na-leonardo-di-kaprio-i-shto-mislat-za-nego-11.JPG

Камила Морон

Првите гласини за нивната врска се јавија во 2017-та, но првпат беа забележани заедно дури следната година.

Како и секоја друга врска, Леонардо генерално ја криеше и врската со Камила, но во 2020-та ја однесе на Оскари – нешто што го немаше направено 15 години претходно.

Ова беше една од подолгите врски на актерот, но сепак раскинаа во 2022-ра.

koi-se-bivshite-na-leonardo-di-kaprio-i-shto-mislat-za-nego-12.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Виралните и најсмешните моменти на Леонардо ди Каприо на Златни глобуси (кои го претворија во меме) Смешните реакции и гестикулации од годинава, но и моментот кога се исплаши од Ле...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg