„Зошто го носи овој аутфит?“ - Дакота Џонсон стана вирален хит со разголеното деколте, Џими Фалон ѝ даде шамиче да се покрие
- Детали
- четврток, 05 јуни 2025
Додека гостуваше во шоуто на Џими Фалон, Дакота Џонсон носеше фустан со многу длабоко деколте. По низа шеги со водителот за разголениот аутфит, на крај тој ѝ даде шамиче за да се покрие, а потоа се пошегува дека ќе го продаде штом ќе завршат со интервјуто.
Во понеделникот (02.06) Дакота Џонсон гостуваше во шоуто на Џими Фалон.
Убавата актерка носеше краток црн фустан со многу длабоко деколте, а во емисијата стана видно дека и самата се чувствува малку непријатно за аутфитот.
Иако актерката изгледаше одлично, веднаш штом седна на фотелјата во студиото, почна да си го мести фустанот, пробувајќи да избегне незгода.
Но, покажа и дека знае да се пошегува на своја сметка - откако Џими ја праша дали е во ред, Дакота само му одговори дека го утнала аутфитот.
Водителот проба да ја утеши, па ѝ кажа дека изгледа одлично, по што и двајцата се насмеаја и пробаа да продолжат со емисијата.
Сепак, деколтето на актерката премногу „паѓаше во очи“, па водителот ја замоли да не се помрднува. Дакота, пак, суптилно му рече да престане да ја гледа во деколтето, покажувајќи му каде ѝ се очите.
Водителот очајно погледна кон таванот и рече:
„Не знам каде… Не можам, не можам ни да погледнам таму. Не знам ни што да правам“.
Иако пробуваа да го продолжат интервјуто, неколкупати се враќаа на деколтето на Дакота, па на крај актерката праша дали некој има ќебе или нешто слично, за да се покрие.
Тогаш водителот се сети како да го реши проблемот, па ѝ подаде шамивче, а Дакота си го стави врз деколтето.
„Совршено. Никој нема да ја познае разликата“, кажа водителот и се пошегува дека по завршувањето на емисијата, ќе проба да го продаде шамичето.
Иако и Дакота и Џими одлично се снајдоа со непријатна ситуација, во коментарите на Јутјуб видеото корисниците го критикуваат стилистот на актерката.
Јасно е дека за ваквите емисии, славните гости неретко немаат контрола над она што ќе го носат, па се претпоставува дека Дакота немала избор освен да го облече фустанот.
А, главно сите имаат комплименти и за Џими и Дакота и за забавното интервју.
„Џими е вистински џентлмен. Се гледа дека навистина се труди да не гледа во деколтето на Дакота“.
„Дакота е личност која е навистина забавна, дури и кога не се труди“.
„Зошто го носи овој аутфит? Јасно е дека не се чувствува удобно“.
„Зошто стилистите им го прават ова на артистите, ги тераат да носат неудобна облека...“
„Ненамерно, ова излезе навистина забавно интервју, а Дакота е прекрасна во фустанот“.
Погледнете го целото интервју – сегментот со фустанот на Дакота е на самиот почеток.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





