Скандалозниот љубовен живот на Деми Мур: Еден сопруг изневерила пред свадбата, друг ја терал да имаат тројки
- Детали
- сабота, 14 јуни 2025
Зад себе, Деми Мур има три брака – првиот сопруг Фреди Мур го изневерила пред свадбата, вториот (Брус Вилис) очекувал таа да се откаже од кариерата, а третиот (Ештон Кучер) ја терал да имаат тројки, за на крај да ја изневери.

Моментално Деми Мур е сингл, иако извори блиски до актерката велат дека не ѝ недостасуваат додворувачи.
Но, поради лошото досегашно искуство, не ѝ се брза да влезе во врска, без разлика што сакала да најде љубов.
„Деми добива многу понуди од холивудски ѕвезди, дури и помлади од неа. И, таа е почестена од ова, но веќе не сака да се гледа со некој од индустријата.
Сака да најде љубов, но не сака тоа да биде со актер бидејќи во љубовна врска, нема место за две ѕвезди“.
62-годишна актерка зад себе има три неуспешни бракови, а има и три деца што ги доби од бракот со Брус Вилис.
Неколку детали за скандалозниот љубовен живот на актерката:
Самата го саботирала првиот брак
Првиот сопруг на Деми е Фреди Мур и се венча со него на само 17-годишна возраст.
Фреди, кој е 12 години постар од актерката, бил во брак кога ја запознал во ноќен клуб. Се вљубил во неа, па ѝ побарал развод на сопругата по девет години брак.
Деми и Фреди се венчаа во 1981 година, а актерката вели дека самата го саботираа бракот – го изневерила ноќта пред нивната свадба. Актерката ја славела својата моминска вечер, побегнала од прославата и отишла да се види со дечко што го запознала на филмски свет.
Подоцна, во своите мемоари откри дека тој период бил особено тежок за неа бидејќи го изгубила татко ѝ.
„Решив да се венчам за да си ги оттргнам мислите од смртта на татко ми (кој почина од рак на црниот дроб). Ми стана јасно дека свадбата е договорена и дека не можам да избегам, но дека можам да го саботирам бракот“.
Деми и Фреди се разделија во 1983-та, а го финализираа разводот две години подоцна. Актерката одлучи да го задржи презимето на првиот сопруг – Мур – и го користи до денес.
По разводот, актерката имаше и кратка врска со актерот Тимоти Хатон.
Емилио Естевез ја изневери
Деми Мур го запозна Емилио Естевез – брат му на Чарли Шин – на сетот на St Elmo’s Fire во 1984-та.
Почнаа врска и по шест месеци се свршија, но им требаа две години за да организираат свадба. Сепак, Деми ја откажа венчавката бидејќи дознала дека Емилио ја изневерува.
Тие веќе ги испратиле поканите за свадбата, кога пријател на Деми ѝ кажал дека го видел Емилио со друга жена.
Кога Деми го прашала, негирал, но набрзо потоа ѝ признал.
„Спиеше со поранешна девојка и ме лажеше, но мораше да ми признае бидејќи таа остана бремена од него“.
