Скандалозниот љубовен живот на Деми Мур: Еден сопруг изневерила пред свадбата, друг ја терал да имаат тројки

Бракот со Брус Вилис заврши неславно

Во 1990-тие, Брус Вилис и Деми Мур беа меѓу најпознатите холивудски парови, а останаа блиски и по разводот.

Иако заедно се грижеа за трите ќерки по разводот, а денес се во добри односи, додека биле заедно, воопшто не се согласувале.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-demi-mur-eden-soprug-izneverila-pred-svadbata-drug-ja-teral-da-imaat-trojki-06.JPG

Имено, актерот очекувал таа да биде домаќинка, односно да се откаже од кариерата во период кога го достигнуваше врвот и беше најплатена актерка во Холивуд. Пробувал да ја контролира, па постојано се расправале.

Во 2000-та, по 13 години брак и три деца, Брус и Деми се разведоа. По разделбата, Деми имаше тригодишна врска со инструктор по боречки вештини, а наводно се гледала и со актерот Тоби Мегваер, вокалистот на Red Hot Chilly Peppers, како и Колин Фарел.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-demi-mur-eden-soprug-izneverila-pred-svadbata-drug-ja-teral-da-imaat-trojki-07.JPG

Ештон Кучер ја терал да имаат секс во тројка

Во 2003-та, Деми Мур почна врска со 15 години помладиот Ештон Кучер, а на почетокот го нарекуваше и нејзина сродна душа.

По две години се венчаа, но тогаш почнале и проблемите.

„Ештон стануваше сè поотсутен. Пробуваше да ме претвори во друга жена, каква што си замислува дека треба да биде негова сопруга.

Кога почна да ми кажува за фантазијата дека сака да пробаме тројка, не го одбив. Сакав да му покажам дека сум прекрасна сопруга и забавна жена“.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-demi-mur-eden-soprug-izneverila-pred-svadbata-drug-ja-teral-da-imaat-trojki-08.JPG

Сепак, актерката се чувствувала засрамено поради сексот во тројка и до денес смета дека тоа е огромна грешка. Таа верува и дека тоа што имале тројки го охрабрило Ештон да ја изневери.

Додека беа заедно, тие пробувале да добијат и дете, но Деми доживеала спонтан абортус во шестиот месец.

Во 2013 година, тие се разведоа.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-demi-mur-eden-soprug-izneverila-pred-svadbata-drug-ja-teral-da-imaat-trojki-09.JPG

Врска со маж помлад од ќерка ѝ

По третиот развод, Деми Мур почна врска со тапанарот Шон Фрајдеј. Тогаш актерката имаше 51 година, а тапанарот 27 и е помлад од ќерка ѝ Румер Вилис.

И покрај 24-годишната разлика, Деми наводно била многу среќна, а и нејзините деца биле во добар однос со партнерот.

Сепак, се разделија по околу една година заедно, односно во 2014-та.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-demi-mur-eden-soprug-izneverila-pred-svadbata-drug-ja-teral-da-imaat-trojki-10.JPG

Оттогаш Деми умешно ги крие своите партнери. Единствено во 2012-та беше забележана со готвач и сопственик на ресторан од Шведска. Но, не е познато што се случило со оваа врска.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-demi-mur-eden-soprug-izneverila-pred-svadbata-drug-ja-teral-da-imaat-trojki-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Што се случи со Ештон Кучер и Британи Марфи – неговата втора поранешна девојка која почина? Пред да ја почне врската со Британи Марфи, Ештон Кучер сведочеше на судење за уб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg