Жените на Швајнштајгер си ги земаат децата од исто училиште – Ана Ивановиќ во спортски аутфит, Силва во тесен мини фустан
- Детали
- четврток, 12 јуни 2025
Децата на Ана Ивановиќ и на бугарската љубовница на Бастијан Швајнштајгер, Силва, учат во исто училиште на Мајорка – како изгледаат „жените“ на фудбалерот кога одат да си ги земат децата? Целосна спротивност, освен љубовта кон дизајнерски скапи чанти (и истиот маж...).

Во април 2025 се раширија гласини во медиумите дека Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разведуваат по 9 години брак.

И додека шпекулациите уште не беа ни потврдени, неколку мецеси подоцна, поранешниот фудбалер се појави на плажа во Мајорка со новата девојка, со која страсно разменуваше бакнежи во јавност.

Германскиот Bild будно го следи секој чекор на (веројатно) поранешните сопружници, па последно објави дека неговата љубовница наводно е Бугарката Силва, која исто така има две деца, а за која нема многу други информации.
Она што е уште поинтересно, е дека децата на Ана и Бастијан изгледа учат во исто училиште со децата на Силва.
Во медиумите беа објавени фотки од понеделникот, кога двете жени во кои своевремено Швајнштајгер се вљубил, беа забележани во истото училиште како одат да си ги земат децата.
„Изгледот на жените на Швајни – сосема спротивен“, стои во написите на Bild.
Поранешната српска тенисерка, во свој стил, беше фотографирана во спортски аутфит, облечена во јога панталони, тиркизен кроп-топ, патики и дизајнерска чанта од Yves Saint Laurent, која чини околу 1.900 евра.

Таа изгледа зафатено додека гледа во телефон, со темни очила за сонце и слушалки на ушите.
Наводната нова девојка на Бастијан пак, Силва, изгледа сакала да остави поголем впечаток со доаѓањето во училиште, па беше фотографирана во тесен мини фустан со темни очила за сонце и пуштена долга коса.

Двете дами изгледа како да немаат многу заедничко, освен тоа што се вљубиле во ист маж, а ја делат и љубовта кон дизајнерските скапи чанти, ако се земе предвид стајлингот на Силва од минатата недела, кога била забележана со модел на Louis Vuitton што чини околу 1.500 евра.

Во меѓувреме, Ана не се оптоварува со гласините и на Инстаграм си објавува фотки на кои изгледа како да ужива во животот.
М. М. | Црнобело