Најмува папараци и „фанови“, се фали со донации: Како Рајан Рејнолдс пробува да си ја спаси репутацијата?
Вљубени фотки со Блејк
На социјалните мрежи, Блејк и Рајан се однесуваат како ништо да не се случува, па постојано ги бомбардираат следбениците со заеднички фотки.
Не пропуштаат ни јавни настани, а за овие појавувања, многумина мислат дека се уште еден трик за да го оттргнат вниманието од тужбата.
На едно вакво појавување, беше и очигледно дека вљубените пози се делумно глума.
Прочитајте повеќе: Го влече за рака, го тера да позираат вљубено: Блејк Лајвли очајно пробува да си ја спаси репутацијата со Рајан Рејнолдс
Пробува да се потпре на други славни личности
Рајан Рејнолдс е долгогодишен пријател со Хју Џекмен, па во целата драма честопати пробуваше да покаже дека уште се блиски и дека колегата го поддржува.
Иако, некои извори тврдеа дека периодов се оддалечиле бидејќи Хју бил советуван да не се меша во случајот.
Исто така, Рајан беше на Булеварот на славните кога рок-бендот Green Day доби своја ѕвезда, иако никогаш претходно ги нема спомнато. На објавата за церемонијата, опцијата за коментирање му е исклучена.
Актерот споделува објави и со други славни актери, како Ендру Гарфилд, Ева Лонгорија и Ченинг Тејтум, со цел да покаже дека тие се на негова страна.
Средба со дете болно од рак
Рајан пробува да го сврти фокусот кон својата добротворна работа повеќе од кога било, но сега сето ова е гледано со презир од страна на јавноста.
Кон крајот на минатата година, актерот се сретна со дете кое боледува од рак. За жал, детенцето почина годинава, а Рајан напиша објава во негова чест.
Иако актерот со години наназад организира вакви средби со фанови, особено откако почна да го глуми Дедпул, овој пат се соочи со критики.
Многумина сметаат дека ја искористил тажната смрт на детенцето за да се прикаже во добро светло.
Прочитајте и: Контроверзна венчавка, арогантно однесување: Како Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли станаа најомразениот славен пар?
Спирова С. | Црнобело