Најмува папараци и „фанови“, се фали со донации: Како Рајан Рејнолдс пробува да си ја спаси репутацијата?
- Детали
- недела, 15 јуни 2025
Јавноста е убедена дека откако почна драмата со Џастин Балдони и Блејк Лајвли, во која се вплетка и Рајан Рејнолдс, актерот пробува да си ја спаси репутацијата со ПР трикови, како најмување папараци и „фанови“ на кои им потпишува автограми.

Изминативе неколку години, Рајан Рејнолдс стекна репутација на „најфиниот актер во Холивуд“, а со Блејк Лајвли се претворија во омилениот славен пар.
Репутацијата му беше заштитен знак на актерот и навистина се трудеше да ја одржи – се вклучуваше во разни добротворни организации, донира 1 милиони долари за бегалците од Украина, а стана познат и како актер кој секогаш им излегува во пресрет на фановите.
Но, оваа репутација се уништи преку ноќ, благодарение на Блејк Лајвли и нејзината тужба против режисерот Џастин Балдони.
Првично Рајан не беше вплеткан во драмата и некако успеваше да се дистанцира, но откако Џастин Балдони поднесе контратужба во која го наведе и него, работите тргнаа на лошо и за актерот.
Јавност, пак, не чекаше, па на социјалните мрежи масовно почнаа да се споделуваат пропустите на Рајан низ годините, како шпекулациите дека ја почнал врската со Блејк додека беше во брак со Скарлет Јохансон, но и фактот дека се венчаа на поранешна плантажа за робови.
Па сега, не е само Блејк Лајвли таа што пробува да си ја спаси репутацијата – јавноста го обвинува Рајан дека и тој очајно се обидува да задржи барем нешто од стариот имиџ.
Како Рајан Рејнолдс пробува да си ја спаси репутацијата?
„Инсценирано“ потпишување автограми
Неполн месец по контратужбата на Џастин Балдони, во медиумите „осамнаа“ фотографии на кои Рајан со задоволство им дава автограми на група фанови.
Но, на социјалните мрежи веднаш почна да се коментира дека сето ова инсценирано.
Некои велат дека чудно е како сите „фанови“ имаат потполно исти пенкала, како и дека постерите што ги потпишува Џастин се залепени на исти картони, со исти лепенки.
Други истакнуваат дека е чудно што никој од групата фанови нема извадено телефон, ниту пробува да се фотографира со него – нешто што се случува секојпат кога славна личност дели автограми.
Оттогаш, Рајан има организирано уште неколку слични средби со „фанови“, а наводно ова била честа тактика што ја користеле славните кои пробуваат да си ја спасат репутацијата.
„Инсценираното потпишување и најмувањето папараци е со цел да се направат фотки од Рајан кои не се поврзани со тужбата“, вели ПР експерт за Daily Mail.
Носталгични твитови
Рајан Рејнолдс го позајмува неговиот глас во анимираниот филм Turbo од 2013 година.
Во февруари, кога драмата со Балдони се вжештуваше, на Твитер одеднаш почнаа да се појавуваат твитови кои ја величаат изведбата на Рајан во анимираниот филм.
Ова е филм кој не постигна некој значаен успех и ретко кој го спомнува, но Твитер беше преплавен со твитови за него.
Па, некои веруваат дека ова е уште еден трик од ПР тимот на Рајан со цел да се контролира наративот за него барем на социјалните мрежи, односно да се одвлече вниманието од тужбата.