Знаци дека Џастин и Хејли Бибер се пред развод: Изгледаат напнато на заеднички фотки, се игнорираат на важни денови
- Детали
- вторник, 17 јуни 2025
Џастин не ѝ го честита Денот на мајката на Хејли, па ни таа не му го честита Денот на таткото. Се шпекулира дека пејачот уште не ја преболел Селена Гомез, а според експерт за говор на телото, на заедничките папарацо фотки со Хејли изгледа напнато и незаинтересирано за неа. Фановите мислат дека нивниот брак нема да издржи до крајот на годината.

Фановите се загрижени за проблематичното однесување на Џастин Бибер веќе некој период, а некои се сигурни дека се ближи крајот и на неговиот брак со Хејли.
Веќе неколку месеци извори блиски до парот тврдат дека пријателите ја молеле Хејли да го остави, а гласините за наводна разделба само се засилија изминативе неколку денови.
Во мај, за Денот на мајката, Џастин Бибер воопшто не ја спомна Хејли, без разлика што таа првпат го славеше празникот по раѓањето на нивниот син Џек.
Сега, пак, за Денот на таткото кој се прославуваше во неделата (15.06), Хејли ја прескокна објавата за Џастин.
На Денот на мајката, Џастин само напиша:
„Ве сакам, мајки, но Денот на мајките е ужасен“.
На Денот на таткото, Хејли сподели низа објави на Инстаграм, но сите беа за нејзиниот бренд, односно немаше ниту една посветена на Џастин.
Пред околу една недела, пак, Џастин сподели објава (која сега е избришана), а во која вели:
„Изморен сум од трансакциски врски. Ако треба да направам нешто за да бидам сакан – тоа не е љубов“.
Фановите се сигурни дека пораката е наменета за Хејли и дека со неа Џастин можеби го навестува крајот.
Покрај сето ова, фановите истакнуваат и други детали кои се знак дека нивниот брак нема да издржи до крајот на годинава.
Најпрво, се чини дека Селена Гомез постојано се спомнува кога се во прашање Џастин и Хејли, а некои се сигурни дека пејачот ја нема преболено.
За потсетување, Џастин и Селена се гледаа (со прекини) од 2010 до 2018 година.
Кога пејачката се сврши со сегашниот партнер, извор близок до Џастин сподели дека не му било сеедно.
„Џастин е во брак и има дете, но сите знаеме дека кога слушна за свршувачката на Селена, беше погоден, иако нема да признае“.
