Знаци дека Џастин и Хејли Бибер се пред развод: Изгледаат напнато на заеднички фотки, се игнорираат на важни денови
Друг извор вели дека штом со години се зборува за ова, мора да има и некаква вистина.
„Кога шпекулациите не стивнуваат неколку години, ова покажува дека има вистина во нив. Кога едниот партнер не го преболел бившиот, не може целосно да му се посвети на новиот.
Навистина изгледа како Џастин да почна врска со Хејли пред да ја преболи Селена и ова секако дека ќе има негативно влијание врз нивниот брак“.
Овде се и проблемите со зависност на пејачот кои Хејли веќе не можела да ги игнорира.
„Хејли се измачува со Џастин уште откако се венчаа. Неговото однесување некогаш е неприфатливо. Хејли се справува со многу“, има изјавено извор за Daily Mail.
Користењето дрога не е нов проблем за Џастин, но сега, кога имаат дете, Хејли се чувствувала и исплашено.
„Ако Џастин продолжи со користењето дрога, бракот можеби нема да трае. Зависноста честопати е причина за караници и недостаток на доверба во врската.
Ако Џастин користи дрога, Хејли може да се чувствува небезбедно, но и гневно бидејќи тој не истапува како сопруг и како татко“, додава изворот.
Хејли претходно има зборувано за зависноста на Џастин, истакнувајќи дека не било лесно да му помогне и да му даде поддршка.
„Кога ќе се присетам на периодот кога користеше дрога и кога беше на мрачно место, не е лесно. Но, тој има развиена свесност за себе кога е во прашање зависноста и беше отворен за својот проблем“, изјави Хејли во 2021-ва.
Прочитајте и: Џастин Бибер со загрижувачки објави на Инстаграм, бара помош од Бог: „Јас сум обичен човек со маани“
Друг детаљ што фановите не можат да го игнорираат е говорот на телото на парот кога е во јавност.
Имено, многупати на папарацо фотките и двајцата изгледаат напнато, а некогаш изгледа и како Џастин да се расправа со Хејли.
Хејли имаше навика да споделува заеднички фотки од нив, но имаат поминато месеци од последната заедничка објава.
„Кога Хејли споделува фотографии од неа и Џастин, тие се бакнуваат или се прегрнуваат и изгледа како меѓу нив да има близина. Но, на папарацо фотките од парот, Џастин делува како да не е присутен или како да не е воопшто заинтересиран за Хејли.
Драстичната разлика меѓу папарацо фотките и нивните објави покажува дека зад затворени врати, нивната врска можеби е ужасна“.
Џастин и Хејли се немаат огласено за брачните проблеми, но за фановите, повеќе од очигледно е дека разводот наближува.
Прочитајте и: Ја деградира со невкусни фотографии, бакнува колешки: Џастин Бибер не престанува да ја срами Хејли
Спирова С. | Црнобело
