Џастин Бибер со загрижувачки објави на Инстаграм, бара помош од Бог: „Јас сум обичен човек со маани“
- Детали
- вторник, 10 јуни 2025
„Навистина барам од Бог да ми помогне да го видам најдоброто во луѓето. Дури и откако сум бил искористен на начинот на кој сум бил...“ - Џастин Бибер си ја отвори душата во повеќе објави на социјалните мрежи, кои подоцна ги брише, но фотографиите од него постојано ги загрижуваат фановите.

Веќе подолг период, Џастин Бибер изгледа како воопшто да не е во добра ментална состојба.
Со своите објави на социјалните мрежи со чудни пораки и описи, но и со фотографии од себе на кои изгледа несредено, запуштено и како да е под дејство на некакви супстанци, тој постојано создава грижа кај фановите дека нешто сериозно не е во ред.

Откако многумина шпекулираа дека имаат сериозни проблеми во бракот со Хејли и дека се однесува ужасно кон неа, но и дека има нарушено ментално здравје, тој деновиве призна дека бара помош од Бог.
Прочитајте повеќе: Ја деградира со невкусни фотографии, бакнува колешки: Џастин Бибер не престанува да ја срами Хејли
Изминатите неколку денови, тој е многу активен на социјалните мрежи и споделува повеќе фотографии во кои споделува како се чувствува, но многу често отпосле ги брише описите под објавите.
Светските медиуми ги пренесуваат неговите долги пораки, во кои тој признава дека поминува низ тешки моменти и бара помош од Бог и дека тој е единствениот кој може да суди.
„Вистината е дека се будам секое утро. Некои денови сум оптимистичен, некои песимистичен. Не можам да контролирам како ќе се чувствувам.
Понекогаш се фаќам како потсвесно го обвинувам Бог за моите лоши чувства, наместо да комуницирам со него и да му побарам помош да го променам начинот на кој гледам на работите.
Навистина барам од Бог да ми помогне да го видам најдоброто во луѓето. Дури и откако сум бил искористен на начинот на кој сум бил...“ – гласи дел од една од објавите, кои подоцна честопати ги брише.

Пејачот истакнува дека е само обичен дечко со маани, кој постојано прави и кажува работи кои ги повредуваат луѓето ненамерно, а се отворил и за своите несигурности, велејќи дека е загрижен од тоа што е „изложен“.
Во една објава тој напиша:
„Јас сум само обичен дечко со маани. Имам направено работи кои ги повредиле другите. И продолжувам да правам и кажувам работи кои ги повредуваат другите несвесно.
Сепак, се разбудив утрово со нова шанса за раст и можност да не бидам себичен денес. Љубовта нè вовлекува. Љубовта не осудува. Љубовта верува во најдоброто.
Љубовта дава надеж за сите работи. И ги издржува сите работи. Не ги брои грешките. Љубовта ни помага да простиме и да ги сакате дури и вашите непријатели“.

Во друга објава тој зборуваше за своите несигурности:
„Понекогаш мислам дека ќе се разоткријам ако им кажам на луѓето колку сум себичен. Ако го признаам тоа, можеби луѓето веќе нема да ме сакаат или да ми веруваат.
Си мислам дека ако сум искрен за себичните работи кои ги чувствувам, ќе бидам дисквалификуван од соништата во кои посакувам да бидам вклучен.
Но, колку сум поискрен за тоа во каква состојба навистина сум, толку повеќе слобода всушност имам“.

„Прифаќам дека Бог ми простува ова утро. За да можам и јас да си простам себеси и на другите. Придружете ми се ако сакате“ - пишува под една од фотографиите.
Меѓу најновите објави, тој сподели скриншот од видео разговор со музичарот Ерни Халтер и напиша: „Добро се чувствувам кога некој ќе ме види каков што сум, ова ср*ње не е лесно. Ти благодарам Ерни што си вистински пријател“.
Во повеќе објави, тој директно се обраќа некому, пишува за љубовта, лојалноста и искористувањето, но не е сигурно дали неговите пораки се наменети за Хејли, за фановите или за некои други личности кои го искористиле.
„Изморен сум од трансакциски врски. Ако треба да направам нешто за да бидам сакан – тоа не е љубов“ - стои во една од објавите.
Погледнете повеќе нови фотки кои ги објавува тој, а ги загрижуваат фановите:







М. М. | Црнобело
