„Изнајмува деца за фотки и видеа“: Зошто некои мислат дека Меган Маркл ги лажирала бременостите?

Видеото за роденденот на ќерка ѝ Лилибет и објавата по повод Денот на таткото повторно ги разгореа шпекулациите дека Меган Маркл ги лажирала двете бремености, но и дека со Хари најмуваат деца актери за објавите на Инстаграм.

iznajmuva-deca-za-fotki-i-videa-zoshto-nekoi-mislat-deka-megan-markl-gi-lazhirala-bremenostite-01.jpg

Не е ништо ново да се рашират гласини дека некоја славна жена, поради некоја причина, ја лажирала својата бременост.

Најпознат пример за ова е Бијонсе, а шпекулациите за неа ги поттикна видео од гостување во емисија додека беше бремена со ќерката Блу Ајви, во 2011 година. Додека седнува во емисијата, стомакот на Бијонсе се превиткува чудно, односно изгледа како да е „лажен“.

Бијонсе ги негираше гласините, но дел од јавноста се држи до верувањето дека пејачката веројатно искористила сурогат мајка за првото дете.

iznajmuva-deca-za-fotki-i-videa-zoshto-nekoi-mislat-deka-megan-markl-gi-lazhirala-bremenostite-002.JPG

Друга славна жена која се има соочено со вакви шпекулации е Меган Маркл.

И, сега повторно е во центарот на вниманието со „лажните бремености“, најмногу поради видео што го сподели на роденденот на ќерка ѝ Лилибет и нова објава за Денот на таткото.

Одамна постојат гласини дека таа и Хари немаат свои деца или користеле сурогат мајка, кои сега одново се засилија.

iznajmuva-deca-za-fotki-i-videa-zoshto-nekoi-mislat-deka-megan-markl-gi-lazhirala-bremenostite-03.JPG

Зошто дел од јавноста е убедена дека Меган и Хари лажат за нивните деца?

Шпекулациите за „лажната бременост“ на Меган Маркл се појавија во 2019 година, кога таа и Хари го очекуваа нивното прво дете – синот Арчи.

Тој период тие уште го немаа напуштено кралското семејство, но сепак имаше луѓе (главно од Британија) кои не ја сакаа Меган како избраничка за Хари.

Веројатно гласините почнале од оваа група луѓе, кои на социјалните мрежи тврдеа дека таа користи сурогат мајка. Имаше и извори кои тврдеа дека пред бременоста, Меган замрзнала јајце клетки, но ова никогаш не било потврдено.

Во видеото што го објави за роденденот на Лилибет, Меган и Хари танцуваат во болница, неспоредно пред таа да се породи.

iznajmuva-deca-za-fotki-i-videa-zoshto-nekoi-mislat-deka-megan-markl-gi-lazhirala-bremenostite-02.JPG

Според експерт за односи со јавност, видеото можеби било обид на Меган да ги замолчи гласините.

„Генерално, колку повеќе се обидувате да побиете теорија на заговор, толку повеќе ја убедувате јавноста дека зад неа има некаква вистина. Сепак, зошто некој би се огласувал за теорија на заговор освен ако во неа нема доза вистина?

Секако, има исклучоци, кога луѓето успешно ги побиваат теориите на заговор со хумор и сарказам и можеби Меган пробал да го направи тоа со видеото“, вели експертот за Daily Mail.

Но, како што истакнува експертот, со видеото само повотрно ја потсети јавноста на овие гласини.

Опцијата за коментирање на видеото е исклучена, но видеото го споделуваа други корисници, каде што многумина го кажаа своето мислење.

Кликнете на објавата за да го изгледате видеото:

Некои велат дека трудничкото стомаче на Меган е превисоко, а други дека има чудна форма.

Некои сметат дека е невозможно да танцува така во деветтиот месец од бременоста, а некои велат и дека болничката соба воопшто не изгледа како соба за породување.

„Меган вели дека поминала цела недела од датумот за породување и отишла во болница за индуцирано породување. Но, не носи болничка наметка, а и сигурно немало да ѝ стават инфузија (што се гледа на едната рака), па да ја откачат за таа да може да танцува…“

„Меган Маркл танцува во деветтиот месец од бременоста со стомаче што се движи како да е направено од пена. Или е суперчовек или нешто не е како што треба“.

„Ова е лудо. Воопшто не верувам дека видеото е вистинско. Кој танцува така кога се подготвува за индуцирано породување?“

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издом...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Носталгија по времињата кога децата беа деца: Познатите во минатото vs. денешните 12-годишни ѕвезди Ќерката на Канје и Ким на 12 години ја нарекуваат дека е како тетка, а Дизни ѕве...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...

Најчитани неделава