„Изнајмува деца за фотки и видеа“: Зошто некои мислат дека Меган Маркл ги лажирала бременостите?

Оние кои не веруваат дека Меган ја лажирала бременоста велат дека таа е физички активна личност и нормално е да биде подвижна и во деветтиот месец од бременоста.

Што сте однесува до облеката, некои истакнуваат дека во болниците во Англија не е задолжително жените да ги носат болничките наметки што ќе им ги дадат таму.

За денот на таткото, Меган сподели компилација од видеа на кои се гледа Хари со нивните две деца.

Реткост е Меган да сподели објава на која се гледаат лицата на децата, со цел да им ја заштити приватноста, па факт е дека јавноста не знае како точно изгледаат, особено сега кога се малку пораснати.

iznajmuva-deca-za-fotki-i-videa-zoshto-nekoi-mislat-deka-megan-markl-gi-lazhirala-bremenostite-6.JPG

Но, објавата повторно ги поттикна шпекулациите дека Хари и Меган најмувале деца актери за објавите на Инстаграм.

А, зошто би го правеле тоа, никој не дава објаснување.

Кликнете на објавата за да го изгледате видеото:

„Повторно изнајмени деца… Косата им се менува секоја недела – од црвена до кафеава до руса, до права, до виткана… Не знам зошто мисли дека некој ѝ верува“.

„Како е можно на секоја објава децата да изгледаат различно?“

„Снимките како да се од пред илјада години. Зарем нивните деца не растат?“

„Мислев дека син им има црвена коса. Знам дека децата се менуваат, но толку драстично?“

„Видеата се толку замачкани, што може да биде кој било на нив“.

iznajmuva-deca-za-fotki-i-videa-zoshto-nekoi-mislat-deka-megan-markl-gi-lazhirala-bremenostite-8.JPG

Секако, многу луѓе ги поддржуваат Меган и Хари, а ги исмејуваат теориите на заговор:

„Искрено, сакам да ги гледам како уживаат во животот, без да дозволат лошите коментари да допрат до нив“.

„Ми се допаѓа тоа што Меган и Хари постојано ги бунат хејтерите со објавите од нивните деца“.

„Хари е среќен, а хејтерите не можат да ја поднесат неговата среќа. Гледајте го колку се смее! Целото видео што го сподели Меган е преслатко!“

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издом...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Носталгија по времињата кога децата беа деца: Познатите во минатото vs. денешните 12-годишни ѕвезди Ќерката на Канје и Ким на 12 години ја нарекуваат дека е како тетка, а Дизни ѕве...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...

Најчитани неделава