Ја успале и ставиле во авион што падна, го поврзуваат Џеј Зи со несреќата: Зошто смртта на Алија е мистерија и денес?
Не сакајќи да се расправа дополнително, пејачката отишла да легне на задното седиште во комбето-такси.
Таа се пожалила на главоболка, а телохранителот ѝ дал лекови.
Алија заспала, па не влегла сама во авионот, туку тој ја однел на раце.
Судејќи според положбата на нејзиното тело, кое било пронајдено под урнатините на авионот, таа не се ни разбудила кога се урнал авионот.
Поради ова се претпоставува дека таа била намерно успана.

На погребот на Алија дошле преку 800 луѓе, меѓу кои и Џеј Зи, Крис Рок, нејзината тетка Гледис Најт, Лил Ким и Шон Комбс (Пи Диди).
По погребот, 22 бели гулаби биле пуштени на небото, симболизирајќи ја секоја година од нејзиниот живот.
Џеј Зи застанал пред присутните и во својот говор рекол дека светот го изгубил најкристалниот и најсуптилен глас.

Од друга страна, музичарот Ар Кели, одлучил да молчи, иако сите очекувале и тој да каже нешто, бидејќи бил оженет со неа една година, и тоа кога пејачката имала само 15 години.
На 12 години Алаја потпишала договор со издавачката куќа Jive Records, во сопственост на Ар Кели.
Тој веднаш станал нејзин продуцент и текстописец и работел на нејзиниот деби албум Age Ain't Nothing But a Number.
Насловот на албумот добил двојно значење кога се дознало дека Ар Кели бил многу повеќе од само ментор на пејачката.
Тие почнале да се забавуваат и тајно се венчале на 31 август 1994 година во хотелот Sheraton Gateway Suites во Розмонт.

Во тоа време таа имала 15, а тој 27 години. Потоа се испоставило дека Кели ѝ помогнал на Алија да ги фалсификува документите со нејзиниот датум на раѓање, иако самиот подоцна тврдел дека не знаел дека девојката има 15 години.
Според една (непотврдена) верзија, во времето на свадбата Алија била бремена, но нејзините родители ја убедиле да се ослободи од детето.
Родителите биле иницијатори таа да се разведе по само една година.
На 17-годишна возраст, Алија го снимила својот втор албум, One in a Million, кој се продал во 8 милиони примероци низ целиот свет. Пејачката не само што била ѕвезда, туку станала идол за цела генерација девојки.
На 21-годишна возраст го имала своето филмско деби, глумејќи во Romeo Must Die и снимајќи музика за него, и се подготвувала за снимањето на филмот Queen of the Damned.
Филмските критичари тврдеа дека таа можела да стане позната актерка да не се случела несреќата.

Постхумниот албум на Алија, кој беше издаден една година по нејзината смрт, се продаде во милиони примероци и веднаш се искачи на врвот на листата Billboard 200.
Таа стана првата пејачка што постхумно се најде на 1. место на оваа престижна ранг-листа.
Но, наскоро на нејзината позиција дојде Бијонсе, за која со години се пишуваше дека е многу љубоморна на Алија.
Според некои, Бијонсе била љубоморна и што Алија снима со Џеј Зи, па тоа била уште една од причините за караницата меѓу Алија и Џеј Зи пред нејзината смрт.
Поради ова, многумина теоретичари на заговор тврдат дека Џеј Зи е вмешан во смртта на Алија, иако тоа не е докажано, но и дека постојат тајни поврзани со смртта на 22-годишната ѕвезда која никогаш нема да се дознаат во јавноста.

А. Ј. | Црнобело