Ја успале и ставиле во авион што падна, го поврзуваат Џеј Зи со несреќата: Зошто смртта на Алија е мистерија и денес?
- Детали
- недела, 22 јуни 2025
Авионот бил преоптоварен со багаж, пилотот немал дозвола за негово управување, а 3 часа пред полетувањето консумирал дрога и алкохол. Ни авионот не бил безбеден - не поминал технички преглед претходната година и не му било дозволено да лета. Зошто некои околности за смртта на Алија се и денес неразјаснети?

Во втората половина на 1990-тите Алија беше суперѕвезда која за кратко време го доби епитетот „кралица на аренби музиката“.
Со 40 милиони продадени плочи низ целиот свет, распродадени стадиони, толпи обожаватели, таа беше вистински идол на младите.
Но, кариерата со метеорски раст и нејзиниот живот згаснаа на 25 август 2001 година, кога нејзиниот авион, со кој леташе од Бахами до САД, се урна, а Алија загина на само 22 години.

Само две недели пред несреќата, таа била во посета на Деш и Џеј-Зи во Ист Хемптон, каде што наводно, почнале жестока расправија зашто таа сакала да ја прекине соработката со музичките могули.
Според официјалната верзија, по снимањето на музичкото видео за песната Rock the Boat на Бахамите, Алија била качена во приватен авион Cessna 402B, во кој освен Алија биле уште 7 членови на екипажот.
Една минута по полетувањето, на околу 60m од пистата, авионот се урнал, а Алија беше еден од петтемина патници кои загинаа на лице место. Останатите тројца починаа неколку часа подоцна.

Националниот одбор за безбедност во сообраќајот спроведе истрага, во која откри многу недоследности и шокантни детали за самиот лет, но и екипажот.
Во моментот на полетувањето, авионот бил преоптоварен со багаж, а пилотот, Луис Моралес, немал дозвола за управување со авионот.
Дополнително, околу три часа пред полетувањето, тој консумирал дрога и алкохол, а траги од нив биле пронајдени во неговата крв.
Ни самиот авион не бил безбеден - тој не поминал технички преглед една година претходно и не му било дозволено да лета.
Оттаму многумина се прашуваа како една светска ѕвезда можела да лета во таков авион, посебно што друг авион требал да биде испратен по неа следниот ден?!

Во книгата Baby Girl: Better Known as Aaliyah, Кејт Џандоли пишува дека таа не требало да лета со овој лет, туку дека во авионот била донесена заспана.
Џандоли го посетила островот и разговарала со мештаните, меѓу кои и 13-годишниот Кингсли Расел.
Тој работел како носач на багаж за тимот на Алија и бил на аеродромот на денот на трагедијата.
Момчето изјавило дека Алија се изнервирала многу кога го видела малиот авион полн со багаж и одбила да се качи во него.
И пилотот рекол дека авионот е преоптоварен и дека дел од работите морале да се истоварат.
Од телохранителот на пејачката (кој тежел околу) 120kg било побарано да не лета, но тој одбил.
