Чувал девојки како робинки, ги изгладнувал и ги присилувал на оргии: Кој е раперот Р. Кели, што се предозира во затвор?
- Детали
- среда, 18 јуни 2025
Р. Кели, кој отслужува 31-годишна затворска казна за детска порнографија, сексуално малтретирање и рекетирање, наводно се предозирал додека бил во самица, а неговата одбрана тврди дека ова било обид за убиство. Ова е само третата година зад решетки за раперот за кој велат дека е „полош и од Пи Диди“.

Раперот Р. Кели, кој отслужува 30-годишна казна затвор за рекетирање и присилна проституција, бил пренесен во болница, откако наводно се предозирал.
58-годишниот рапер на 10-ти јуни бил ставен во самица, а му дале и лекови против анксиозност. Според неговите адвокати, му било наредено да ги пие лековите, за три дена подоцна да се пожали дека чувствувал вртоглавица.
Во петокот (13.06), раперот изгубил свест и тогаш бил пренесен во болница.
Сега одбраната на раперот тврди дека тој се предозирал од лековите и дека ова е обид за убиство, односно намерно му била дадена голема доза.
Според адвокатскиот тим на раперот, во инцидентот биле вклучени вработени во затворот кои го ставиле Р. Кели во самица, откако тој ги обвинил за заговор против него.
Адвокатите се пожалиле и дека тој не добивал хуман третман во затворот и дека неговото здравје било загрозено.
Според досегашните информации, во планот за убиството на раперот бил вклучен и член на банда кој бил во истиот затвор. Тој тврдел дека офицери со висок чин од затворот му понудиле слобода, но само доколку го убие Р. Кели.
Уште трае истрагата за целиот инцидент, а одбраната на Р. Кели вели дека сега ќе се разоткриле многу „матни“ работи што се случувале во затворот.
Р. Кели е во затвор од 2022 година, а поради многуте обвиненија, кои вклучуваат и сексуална експлоатација на деца, некои велат дека е полош и од Пи Диди.
Дел од најголемите скандали и контроверзи поврзани со Р. Кели:
Бракот со Алија
На 27-годишна возраст, Р. Кели се венча со пејачката Алија која тогаш имаше само 15 години.
Подоцна, поранешен менаџер на раперот откри дека платил мито за да добие лажна лична карта за девојката, за да може да излаже дека е полнолетна.
Нивниот брак беше поништен следната година, во 1995-та, а и двајцата избегнуваа да зборуваат за бракот.
Алија почина во 2001 година, во авионска несреќа.
Низа обвиненија за силување и емоционално малтретирање
Во 1996-та, Р. Кели доби тужба од поранешна девојка која откри дека ја почнале врската кога таа имала 15, а тој 24 години. Биле заедно три години, за кои девојката тврдеше дека биле пеколни. Тие го решија спорот надвор од судница.
Потоа, во 2001-ва, Р. Кели доби тужба од негова вработена која тврдеше дека тој ја присилил на сексуална врска кога имала само 17 години. Во тужбата, таа наведе дека раперот ја третирал како „предмет за секс“ и сакал да го контролира секој аспект од нејзиниот живот.
И овој пат, раперот направи спогодба надвор од судница.
Следната година, Р. Кели се соочи со уште две тужби – една од жена која забременила од него кога била малолетна и која раперот ја натерал да абортира, и втора од жена која раперот ја снимал додека имале секс. Таа не била свесна за снимањето, а изјави дека раперот почнал и да ја продава снимката.
Повторно, Р. Кели им исплати непозната сума на двете жени, односно направи спогодба надвор од судница.
Обвиненија за сексуално малтретирање деца
Едно од посериозните злодела на Р. Кели излезе на виделина во 2002 година, кога беше обвинет сексуална експлоатација на дете. Раперот силувал малолетно девојче и снимал порнографска содржина со него, и тоа во неколку наврати.
Раперот беше уапсен откако во редакцијата на весникот Chicago Sun Times била испратена една од снимките од анонимен испраќач. По анализа од страна на ФБИ, неговиот идентитет бил утврден.
Беа потребни дури шест години за случајот да дојде до суд, а и покрај обвиненијата, раперот продолжи да си прави музика, па дури и беше номиниран за награда.
На крај, беше и ослободен од обвиненијата бидејќи поротата заклучила дека не може да се утврди дали девојчето во видеото е малолетно.
