Џеф Безос и Лорен Санчез почнаа со свадбените прослави – „пена парти“ во Хрватска, пред да тргнат за Венеција (фото)

На 27-ми јуни, Лорен Санчез и Џеф Безос ќе се венчаат, а свадбените прослави ќе траат шест дена. Тие имаат изнајмено остров во Венеција кој ќе биде затворен за јавност од 24-ти до 29-ти јуни. Во меѓувреме, локалците протестираат против свадбата и сметаат дека само ќе го влоши проблемот со премногу туристи.

dzhef-bezos-i-loren-sanchez-pochnaa-so-svadbenite-proslavi-pena-parti-vo-hrvatska-pred-da-trgnat-za-venecija-foto-01.jpg

Две години по свршувачката, во петок (27.06) Џеф Безос и Лорен Санчез ќе застанат пред олтар.

Свадбената прослава ќе се одржи во Венеција, на островот Свети Ѓорѓи Маџоре (San Giorgio Maggiore), а според изворите, венчавката ќе биде во познатата базилика на островот која е изградена во 16-ти век.

dzhef-bezos-i-loren-sanchez-pochnaa-so-svadbenite-proslavi-pena-parti-vo-hrvatska-pred-da-trgnat-za-venecija-foto-08.JPG

Милијардерот и Лорен го изнајмиле целиот остров, кој ќе биде затворен за јавност скоро цела недела – од 24-ти до 29-ти јуни.

На свадбата ќе присуствуваат нешто помалку од 200 луѓе, а се верува дека меѓу гостите ќе бидат познати личности, како Ким Кардашијан и Кети Пери, па дури и членови на семејството Трамп.

Според изворите на Daily Mail, главната прослава ќе биде организирана на огромната јахта на милијардерот, додека гостите ќе бидат сместени во некои од најлуксузните хотели во Венеција.

dzhef-bezos-i-loren-sanchez-pochnaa-so-svadbenite-proslavi-pena-parti-vo-hrvatska-pred-da-trgnat-za-venecija-foto-05_copy.JPG

Не е познато колку пари потрошиле Лорен и Безос за свадбата, но неколку извори тврдат дека сумата се движи од 15 до 20 милиони долари.

61-годишниот милијардер и 55-годишната Лорен викендов беа во Хрватска со нивната јахта, а денес би требало да се упатат кон Италија.

И, според папарацо фотките, веќе почнале со прослава.

dzhef-bezos-i-loren-sanchez-pochnaa-so-svadbenite-proslavi-pena-parti-vo-hrvatska-pred-da-trgnat-za-venecija-foto-02.JPG

Јахтата од половина милијарда долари беше закотвена покрај брегот на отворот Црес, каде славниот пар организира „пена парти“.

Покрај младенците, на јахтата имаше и неколку нивни пријатели.

dzhef-bezos-i-loren-sanchez-pochnaa-so-svadbenite-proslavi-pena-parti-vo-hrvatska-pred-da-trgnat-za-venecija-foto-03.JPG

Инаку, локалците во Венеција извесен период протестираат против свадбата на Безос. Во јуни, низ градот беа излепени постери за повик на протест против свадбата.

Локалците сметаат дека Венеција веќе има проблем со премногу туристи, особено во летната сезона, а свадбата на Безос само ќе ја влоши ситуацијата.

dzhef-bezos-i-loren-sanchez-pochnaa-so-svadbenite-proslavi-pena-parti-vo-hrvatska-pred-da-trgnat-za-venecija-foto-04.JPG

Според еден демонстрант, богатиот пар ја третира Венеција како „сцена за фалење“, додека нивната свадба била „симбол за експлоатацијата на градот од страна на луѓе кои не се ни Италијанци“.

Друг демонстрант изјави дека тоа што властите му дозволиле на Безос да изнајми цел остров покажува дека „ја продале Венеција на тој што им понудил најмногу пари“.

dzhef-bezos-i-loren-sanchez-pochnaa-so-svadbenite-proslavi-pena-parti-vo-hrvatska-pred-da-trgnat-za-venecija-foto-06.JPG

Викендов низ Венеција почнале да се појавуваат и графити со натпис „Овде нема место за Безос“, на кои се гледа силуета од главата на милијардерот, со покриени очи.

dzhef-bezos-i-loren-sanchez-pochnaa-so-svadbenite-proslavi-pena-parti-vo-hrvatska-pred-da-trgnat-za-venecija-foto-07.JPG

Инаку, во 2023 година, надлежните открија дека ќе пробаат да го решат проблемот со премногу туристи воведувајќи посебна такса. Поставија и забрана за крузери, кои обично носат многу посетители, а се зборува и дека планираат да го ограничат бројот на туристи кои ќе можат да го видат градот.

И покрај мерките, Венеција останува една од најпопуларните туристички атракции, а локалците сметаат дека свадбата на Безос дополнително го влошува проблемот, особено кога ќе се земе предвид дека славните гости може да привлечат уште повеќе туристи.

Но, Лорен и Безос целосно ги игнорираат протестите и веќе почнаа со прославата за „свадбата на векот“.

Повеќе фотки од парот во Хрватска:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лорен Санчез едвај оди со штикли по плажа на Ибица - Џеф Безос ја држи да не скрши глужд, Ди Каприо ... На Ибица и покрај нерамниот терен, Лорен не се откажа од нејзините високи потпет...
Забрана за телефони, „пижама парти“ со богаташи: Како помина таинствената венчавка на Џеф Безос и Ло... Со околу 200 гости, меѓу кои беа некои од најмоќните и најпознатите луѓе на план...
Бура на првиот ден од „свадбата на векот“ – Лорен и Безос расположени, дотераните славни гости бегаа... Вчера почна тридневната свадбена прослава на Џеф Безос и Лорен Санчез, но забава...
Фотосесии со познати брендови, музички настапи: Кои Кардашијанс (веќе) им „купуваат“ кариери на нивн... Некои од децата на сестрите од кланот Кардашијан-Џенер веќе имаат милион следбен...
Славни парови кои се свршија, но не стигнаа до олтар: Џулија Робертс избегала од дома 3 дена пред св... Деми Мур дознала дека свршеникот Емилио Естевез ја изневерува кога веќе ги испра...
Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н... „Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...

Најчитани неделава