Од новинарка со дислексија, до госпоѓа Безос – Колку се промени животот на Лорен Санчез откако го освои најбогатиот човек?
- Детали
- сабота, 28 јуни 2025
Ако некогаш пробувала да се пробие на телевизија, денес ужива во луксуз за каков што можеме само да сонуваме. Колку ѝ се промени животот на Лорен Санчез откако му го растури бракот на Џеф Безос?

Лорен Санчез стана ѕвезда преку ноќ, откако Безос ја покажа како своја девојка.
Па, од водителка и новинарка која пробувала да се пробие во индустријата, Лорен почна да се движи меѓу најелитните кругови и да ужива во раскош за кој другите можат само да сонуваат.
Патот до врвот на Лорен почнал долго пред да го сретне Безос и иако ѝ е од помош што е со еден од најмоќните мажи во светот, не треба да се занемари и нејзината упорност.
Колку се промени животот на Лорен низ годините?
По неуспешен обид да стане стјуардеса, решила да почне да се занимава со новинарство
Лорен уште од детството сонувала да стане новинарка, но бидејќи имала дислексија (која тогаш не ѝ била дијагностицирана) мислела дека никогаш нема да си го оствари сонот.
Па, одлучила да си ја проба среќата ако стјуардеса и откако завршила средно, веднаш отишла на интервју во авиокомпанијата Southwest Airlines. Но, овде ја дочекало разочарување.
Лорен, која тогаш имала околу 55 килограми, има откриено дека на интервјуто ја натерале да застане на вага и поради тежината ја одбиле.
„Тогаш ги мереа стјуардесите и јас имав околу 55 килограми. Ми рекоа дека треба да имам најмногу 52 килограми“.
Разочарана, Лорен се запишала на факултет, а овде повторно ѝ се вратила старта љубов – новинарството.
Поттикната од професорка, Лорен отишла на тестирање и дури тогаш сфатила дека има дислексија.
„Професорката ми рече дека не сум глупава, туку само имам дислексија. Таа ми помогна и ми го промени животот – од слаб студент, допрев до стипендија“.
Лорен ги продолжила студиите на подобар универзитет – University of Southern California – а во меѓувреме работела како асистент во новинарска агенција.
Во 1994-та ги напуштила студиите за целосно да се фокусира на кариерата како репортер, откако добила понуда за работа во телевизија во Аризона.
Во наредните неколку години променила неколку телевизии, а има изјавено дека најголемо разочарување ѝ било кога ја одбиле за работа во емисијата The View.
Но, се зближила со креаторката на емисијата која, пак, ѝ помогнала многу во кариерата.
Потоа, шест години работела како водителка на емисијата Good Day LA, пред да отвори своја продукциска компанија.
Од 2016 година, таа е и лиценциран пилот.
Ни љубовниот живот не ѝ бил најлесен
Можеби денес е среќна со Џеф Безос, но додека да го сретне, Лорен немала многу среќа во љубовта.
Првата сериозна врска ѝ била со водител кој го запознала додека била на факулет. Дури и се вериле, но поради работните обврски, Лорен ја раскинала свршувачката.
Потоа почнала врска со рагбистот Ентони Милер. Се свршила и со него, но Лорен ставила крај и на оваа врска.
Според рагбистот, Лорен го изневерила.
„Не можев да ѝ верувам. Ме изневеруваше со други мажи. Открив многу афери додека бевме заедно, и уште неколку откако раскинавме“.
Тој изјави и дека Лорен била скржава.
„Сакаше јас да плаќам за буквално сè. Заработуваше многу како репортер, но никогаш не плаќаше за ништо“.
Но, некои извори велат дека рагбистот бил неверниот во врската, а не Лорен.