Од новинарка со дислексија, до госпоѓа Безос – Колку се промени животот на Лорен Санчез откако го освои најбогатиот човек?
Потоа Лорен почнала врска со фудбалерот Тони Гонзалез, со кого има и син, но раскина и со него.
Ја поврзуваа и со други познати мажи, особено од Холивуд, а во 2005-та се венча со агент за таленти и со него доби две деца.
Тие беа заедно повеќе од една деценија, сè додека во јавност не почна да се шпекулира на аферата на Лорен со Безос, во 2019-та.
На почетокот од врската со Безос имаше и драми со уценување
Не е познато кога точно ја почнале врската, но јавноста дозна за Лорен и Безос на почетокот до 2019-та, во период кога и двајцата беа во брак со претходните сопружници.
Штом се дозна, Безос се разведе од Мекензи Скот, а Лорен го остави сопругот.
Според гласините, аферата на Лорен и Безос траела веќе осум месеци, а милијардерот постојано ја носел на егзотични дестинации и ѝ купувал скапи подароци.
Веста за аферата ја сподели магазинот Enquirer, а по објавувањето на текстот, Безос му пратил мејл на директот Дејвид Пекер во кој го обвинува за уценување и изнудување.
Бидејќи магазинот објави лични пораки меѓу Безос и Лорен, милијардерот ангажирал и приватни истражители за да дознае од каде ги добиле.
Кога станале свесни за истрагата, од Enquirer му се заканиле на Безос дека имаат уште поинтимни пораки и фотографии од него и Лорен, кои ќе ги објават доколку не ја прекине истрагата.
Безос им врати така што јавно ги објави пораките што ги добивал од магазинот.
„Секако дека не сакам мои лични фотографии да бидат објавени, но нема да бидам дел од нивните обиди за уценување и корупција“, изјави милијардерот.
Магазинот не издаде никакви поинтимни фотки и пораки, што може да се опише како победа на милијардерот.
Лорен веќе е и холивудска ѕвезда
И покрај скандалите кои доминираа поради аферата, Лорен не дозволи тоа да ѝ ја растури врската.
Со Безос веднаш почнаа гордо да се фалат со заедничкиот раскошен живот, да одат на важни настани и да се дружат со најпознатите и најмоќните луѓе во светот.
Лорен веќе е како холивудска ѕвезда и во нејзиниот круг на пријатели се луѓе како Ева Лонгорија, Крис Џенер, Ким Кардашијан...
Спирова С. | Црнобело