Бред Пит го избегнува бакнежот на девојка му Инес на премиера: „Врската им е лажна, сè е само глума“ (видео)

Откако се појави видео на кое Бред Пит го избегнува бакнежот на девојка му Инес де Рамон, во јавноста почна да се шпекулира дека нивната врска е маркетиншки трик. Но, извори блиски до парот тврдат дека тие се пресреќни, иако не планираат да стапат во брак или да имаат деца.

bred-pit-go-izbegna-baknezhot-na-devojka-mu-ines-na-premiera-vrskata-im-e-lazhna-se-e-samo-gluma-video-01.jpg

Периодов Бред Пит го промовира неговиот нов филм – F1: The Movie – а на премиерите во САД и Европа се појави со својата девојка Инес де Рамон.

Досега парот избегнуваше заедно да се појавува на слични настани, без разлика што се заедно од 2022 година.

Но, на премиерите во САД и Европа, речиси и да не ги тргаа рацете еден од друг.

bred-pit-go-izbegna-baknezhot-na-devojka-mu-ines-na-premiera-vrskata-im-e-lazhna-se-e-samo-gluma-video-04.JPG

Покрај тоа што постојано позираа прегрнати, беа уловени и слатки моменти меѓу парот, како кога Инес му ја средуваше кошулата на Бред на премиерата во Лондон.

bred-pit-go-izbegna-baknezhot-na-devojka-mu-ines-na-premiera-vrskata-im-e-lazhna-se-e-samo-gluma-video-08.JPG

Но, вљубените фотки на црвениот тепих поттикнаа и низа шпекулации дека врската на Бред и Инес е само маркетиншки трик.

Иако нема некои докази што го потврдуваат ова, дел од јавноста смета дека бакнежите и прегратките се само глума.

На Твитер се споделува и видео од премиерата на новиот филм на Бред во Њујорк.

bred-pit-go-izbegna-baknezhot-na-devojka-mu-ines-na-premiera-vrskata-im-e-lazhna-se-e-samo-gluma-video-11.JPG

На видеото снимено на 16-ти јуни, се гледа како Инес се обидува да го бакне Бред, но тој иако тргнува кон неа, во последен миг ја врти главата и почнува да зборува со друга жена.

И, за оние кои го споделуваат видеото, ова е доволен доказ дека сепак е само глума. Некои велат и дека ова не се случило првпат, иако нема видеа од слични „инциденти“.

„Бред Пит го избегнува бакнежот на Инес… Таа мислеше дека ќе ја бакне, а тој само пробуваше да отиде на другата страна“, стои меѓу другото во описот на објават на Твитер.

Во коментари, повеќето се согласуваат:

„Инес де Рамон треба да ја напушти оваа ПР врска“.

„Каков кретен! И, ова не е првпат. Се прашувам дали оваа врска е само глума за пред јавност?“

„Бред не ја сака Инес. Иако ми се допаѓа Бред, ова однесување е неприфатливо“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бред Пит докажува дека 60-тите се новите 30-ти - Му годи младата девојка (32), Џоли ја нарекува „гре... „Бред е среќен што разводот е зад него“.... Актерот блеска на промоцијата на нег...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg