Лејди Гага и уште 5 славни личности кои биле стриптизети пред да се прослават
- Детали
- недела, 29 јуни 2025
Лејди Гага работела како стриптизета, но вели дека не се соблекувала, туку само танцувала по долна облека. Овој ангажман ѝ помогнал да заработи нешто плус, додека пробувала да се пробие како пејачка.

Голем дел од познатите актери и музичари потекнуваат од семејства кои веќе биле во забавната индустрија. Па, донекаде, нивната иднина во индустријата била обезбедена уште откако се родиле.
Од друга страна, постојат и бројни ѕвезди кои почнале од нула и додека да стигнат до врвот, имале секакви професии, а дел од нив работеле и како стриптизети.
Кои славни личности биле стриптизети пред да се прослават?
Крис Прат
Актерот тима откриено дека работел како стриптизер кој го најмувале за момински и роденденски прослави. Ја почнал необичната кариера на само 18 години, откако неколкупати бил одбиен на интервјуа за работа.
„Отсекогаш сум бил личност на која не ѝ пречи да се соблече. Без облека се чувствувам слободно, па си помислив дека можеби е добро и да заработувам од тоа“.
Иако како актер е мошне успешен, со стриптизот не постигнал некој успех – заработувал најмногу 40 долари од настап, а кога отишол на аудиција во стриптиз клуб, го одбиле.
По ова одбивање, сфатил дека ќе мора да си ја проба среќата со нешто друго.
Лејди Гага
Пред да стане најпознатата пејачка во светот, Лејди Гага настапувала по мали клубови во Њујорк.
За да заработи доволно, некогаш прифаќала ангажмани и како стриптизета. Вели дека никогаш не се соблекла потполно гола, туку само танцувала во провокативна облека.
„Заработував повеќе пари со стриптиз отколку како келнерка. Но, не покажував многу кожа. За мене танцувањето во облека не беше нешто чудно, но на татко ми не му се допаѓаше многу“.
Ченинг Тејтум
Една од попознатите улоги на Ченинг Тејтум е во филмот Magic Mike. Но, дотогаш, актерот веќе имал искуство во стриптиз.
Кога се отпишал од факултет на 19-годишна возраст, Ченинг почнал професионално да се занимава со стриптиз и бил мошне успешен.
„Се случуваше да заработувам и до 150 долари од ноќ. На полошите вечери заработував околу 50 долари“, има откриено во интервју.
Кортни Лав
Кортни Лав ги користела своите стриптиз настапи за да си го промовира бендот Hole, но и да заработи нешто плус пред да се пробие во музичката индустрија.
„Тој период, ми беше сосема доволно што заработував по 300 долари дневно. Дел од парите им давав на членовите на бендот за да купуваат опрема.
Така си го купивме и првото комбе со кое можевме да одиме на турнеи“, има изјавено пејачката.
Карди Би
Контроверзната Карди Би отсекогаш била отворена за кариерата како стриптизета и вели дека е благодарна бидејќи тоа ѝ помогнало да преживее.
Истовремено, заработката ѝ помогнала и да се посвети на целта да стане музичар. Додека да наполни 20 години, веќе заштедила околу 20.000 долари што ѝ биле од огромна помош кога ја лансирала кариерата.
Во неколку интервјуа таа има изјавено дека ќе продолжи да зборува за професијата од минатото бидејќи смета дека стриптизетите уште се гледаат со презир и непочитување, дури и ако само танцуваат во долна облека.
Хавиер Бардем
За разлика од останатите на листата, Хавиер Бардем настапувал само двапати.
Првиот настап бил како шега, но потоа го најмиле уште еднаш во истиот стриптиз клуб, а има изјавено дека во публиката дошле неговите мајка и сестра, како поддршка.
„Беше катастрофа. И, знаете кој ме гледаше? Мајка ми и сестра ми. Бев многу нервозен и затоа им се јавив да ми прават друштво. Но, немаше никој друг. Ми беше многу срам, но не се откажав. И, бев стриптизер само еден ден“.
Актерот тогаш имал 20-тина години и вели дека никогаш повторно не помислил да се занимава со стриптиз.
Спирова С. | Црнобело