Ченинг Тејтум за првпат на црвен тепих со 12-годишната ќерка – откако ниедна љубов не му успеа (фото)
- Детали
- вторник, 16 септември 2025
Ја доби ќерката од бракот со Џена Деван, кој важеше за складен со љубов како од филмовите, но се разведоа по 9 години. Сега, откако ниедна љубов не му успеа, на црвениот тепих ја однесе 12-годишната Еверли, која ја криеја од јавност, а заблеска покрај него.

Ченинг Тејтум (45) пред неколку дена, на премиерата на филмот DemonSlayer: Kimetsu No Yaiba Infinity Castle, каде тој позајмува глас на еден од ликовите, се појави со неговата ќерка Еверли (12).
Тој ја има Еверли од бракот со Џена Деван, кој траеше 9 години, а по децениска љубов како од филмовите, тие пријателски се разделија.

По разводот, Ченинг беше во врска со Џеси Џеј, потоа со Зои Кравиц, со која често беа мета на папараци и се појавуваа заедно на настани, а неодамна беше забележан со помлада девојка која е модел, а веројатно уште се заедно, но не ја експонира на настани.
Прочитајте повеќе: Ослабе 13kg, има нова 19 години помлада девојка – Ченинг Тејтум пробува да си ја пронајде среќата
Љубовта можеби (сè уште) не му тргна како на неговите поранешни партнерки, но затоа неговата ќерка е тука да го придружува на важен настан, иако низ годините успешно ја криеја од јавноста.

Актерот ги изненади сите кога на црвениот тепих се појави со Еверли, која заблеска покрај него и покажа дека е негова копија.

Девојчето беше облечено во долг син фустан, со исфенирана коса и шминка што ги истакнува сините очи.

Неодамна Тејтум призна дека тој ја открил својата љубов за анимираната франшиза додека ја гледал серијата со ќерка му, па е посебно горд што бил дел од овој проект.
„Чекорењето по црвениот тепих за DemonSlayer: Kimetsu No Yaiba Infinity Castle, заедно со мојата Еви покрај мене, ми беше исполнување на сон.
Таа ми е инспирација за аниме филмови уште од почетокот, а тоа што го делам овој момент со неа, ми го направи посебно искуството.
Тоа што имам проект што двајцата го сакаме е нереално – срцето ми е полно“ – напиша тој и објави неколку фотки со ќерката.


М. М. | Црнобело
