Бура на првиот ден од „свадбата на векот“ – Лорен и Безос расположени, дотераните славни гости бегаат од дождот (фото)
- Детали
- петок, 27 јуни 2025
Вчера почна тридневната свадбена прослава на Џеф Безос и Лорен Санчез, но забавата беше прекината порано, откако Венеција ја погоди силна бура. Додека дотераните гости се криеја под чадори, Лорен изгледаше расположено и со широка насмевка се упати кон таксито на вода за да се заштити од дождот.

Вчера (26.06) официјално започна тридневната свадбена прослава на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција.
Според последните информации, парот наводно веќе се венчал во САД, а во Италија само ќе прослават.
„Многу често, брак склопен во друга држава не е валиден во САД или може да создаде други проблеми, па да, најверојатно веќе се венчале“, открива адвокат за Page Six.
И други извори потврдиле дека парот веќе склучил брак, секако, со огромен предбрачен договор кој дури и им ја одложи венчавката.
Вчерашната забава беше како добредојде за гостите, додека главната прослава ќе се случи денес, на Сан Џорџо Маџоре – поизолиран остров во Венеција.
За забавата вчера, Лорен носеше гламурозен фустан со тесен корсет и детали со везови. Имаше минимален накит, додека косата ѝ беше собрана во раскошно опавче.
Безос избра едноставен црн костум со бела кошула.
А, на забавата присуствуваа најпознатите луѓе на планетата – Ким и Клои Кардашијан, Опра Винфри, Орландо Блум (без Кети Пери), Кајли и Кендал Џенер, Иванка Трамп со сопругот, Леонардо ди Каприо со девојка му, Ашер…
Но, прославата мораше да заврши порано, откако Венеција беше погодена од бура.
