Почина 3 години по самоубиството на синот, обвинувања за семејно насилство - Животот на актерот Мајкл Медсен
Тоа беше и почеток на долгата соработка со Тарантино, која резултираше со појавувањето на Медсен во филмови како Once Upon a Time in Hollywood, Kill Bill и други.
Во кариерата сними над 300 филмови и скоро во секој од нив глумеше негативец.
Во приватниот живот, пак, бил сосема спротивен од тоа.
Пријателите и соработниците го опишуваат како шармер со нежно срце и заводлив поглед.
Но и зад убавата фасада, тој криеше болка.
Син му Хадсон се самоуби во 2022-ра, а Мајкл ја обвини неговата мајка дека го „втурнала во смрт“.
„Пред неколку дена зборувавме на телефон и ми кажа дека е среќен. Последната порака што ми ја испрати беше: Те сакам тато.
Не видов знаци на депресија. Ова е тажно и трагично“ - изјави актерот по смртта на синот.

Брзо потоа поднесе тужба против поранешната сопруга во која навел дека освен што ја смета за „виновна за смртта на синот, придонела и за неговата нестабилност и болка“.
„Јас сум жртва на насилна, зависна и токсична врска што кулминираше кога поранешната сопруга упадна во мојот дом со полиција и неправедно ме уапсија за семејно насилство“ - пишува во тужбата.

Актерот има уште 5 деца - една ќерка и четири сина од три различни жени.
А. Ј. | Црнобело