Почина 3 години по самоубиството на синот, обвинувања за семејно насилство - Животот на актерот Мајкл Медсен
- Детали
- петок, 04 јули 2025
Безживотно тело на актерот Мајкл Медсен беше пронајдено вчера во неговиот дом - ѕвездата на филмовите Reservoir Dogs и Kill Bill на Квентин Тарантино, почина на 67 години.

Вчера (03.07) почина актерот Мајкл Мадсен, ѕвездата на филмовите Reservoir Dogs и Kill Bill на Квентин Тарантино.
Актерот имаше 67 години, и според првичните информации, неговото безживотно тело било пронајдено во неговиот дом. Медсен, најверојатно, починал од срцев удар.
Пред да почине, се подготвувал за работа на 3 филмски проекти, пишувал книга, и според неговиот адвокат, се радувал на новото поглавје од својот живот, кој тргна по надолна линија, откако неговиот 26-годишен син се самоуби во 2022 година.
Ова го врати актерот кон алкохолот и зависностите, но, тој наводно бил добар и се трудел да остане „чист“.
Неговата смрт ги растажи фановите, но и неговите блиски пријатели, кои се простија од Медсен.
Меѓу нив е и легендарниот Харви Карјтел, со кого глумеше заедно во Reservoir Dogs.
А токму тоа е и филмот кој му ја лансираше кариерата на Медсен.
Сцената во која неговиот лик Мистер Блонд, танцува на Stick in The Middle With You, и му сече уво на полицаец, стана култна.