Ѝ инјектирале масло и вода наместо филер: Актерка од Мексико непрепознатлива поради деформираното лице

Лин Меј од Мексико вели дека љубоморна пријателка ја убедила да си стави филери на лицето. Но, отишла кај непроверен козметичар кој ѝ инјектирал смеса од масло и вода поради што ѝ се деформирало лицето.

injektirale-maslo-i-voda-namesto-filer-akterka-od-meksiko-neprepoznatliva-poradi-deformiranoto-lice01.jpg

Актерката и танчарка Лин Меј останала со деформирано лице откако отишла кај непроверен козметичар. Таа мислела дека ќе ѝ стават филер, но вели дека ѝ инјектирале мешавина од масло и вода.

Лин Меј од Мексико ја почнала кариерата како танчарка, а потоа се прославила и како актерка во родната земја.

Но, некогашната убавица сега е со целосно деформирано лице поради козметичка процедура што ја направила кај непроверен козметичар.

Денес актерката има 72 години и вели дека се надева дека нејзиното искуство ќе ја зголеми свесноста за опасноста од одење кај непроверени козметичари.

injektirale-maslo-i-voda-namesto-filer-akterka-od-meksiko-neprepoznatliva-poradi-deformiranoto-lice-02.JPG

Што точно ѝ се случило на Лин Меј?

Родена во 1952 година, Лин Меј почнала да работи како танчарка во родниот град Акапулко. Иако дотогаш немала никакво искуство во танцување, брзо се истакнала со талентот.

Па, успеала да се пробие и во светот на мексиканските сапуници откако добила улога во серијата Siempre en Domingo.

Оваа серија ја направила ѕвезда во Мексико, па добила понуда да се појави во популарно бурлеска шоу.

injektirale-maslo-i-voda-namesto-filer-akterka-od-meksiko-neprepoznatliva-poradi-deformiranoto-lice-05.JPG

Првично на Лин ѝ било непријатно да танцува во провокативна облека, но уште при првиот настап привлекла многу внимание.

Поради успехот како танчарка, Лин почнала да добива улоги во филмовите познати како fincheras – филмски жанр кој бил хит во Мексико во 1970-тите и 1980-тите и кој е спој на еротика и комедија.

До 1990-тите, популарноста на овие филмови драстично се намалила, а со тоа се намалувала и славата на Лин.

injektirale-maslo-i-voda-namesto-filer-akterka-od-meksiko-neprepoznatliva-poradi-deformiranoto-lice-07.JPG

Но, кон крајот на 20-тиот век успеала да ја оживее својата кариера како актерка и танчарка.

Овој период, Лин почнала да размислува и за козметички корекции, сакајќи да го задржи младешкиот изглед.

injektirale-maslo-i-voda-namesto-filer-akterka-od-meksiko-neprepoznatliva-poradi-deformiranoto-lice04.JPG

Сепак, има изјавено дека не била опседната со идејата за корекции, но пријателка која ѝ била љубоморна ја натерала да ја направи првата процедура.

Лин се согласила да си стави филери, но отишла кај непроверен козметичар.

Самата тврди дека ѝ инјектирале супстанца која не била проверена, а во една пригода изјави дека сигурно ѝ инјектирале мешавина од масло за готвење, бебешко масло и вода.

По процедурата, лицето на Лин почнало да отекува и останала со трајни деформации.

injektirale-maslo-i-voda-namesto-filer-akterka-od-meksiko-neprepoznatliva-poradi-deformiranoto-lice-06.JPG

Оттогаш се обидела да направи низа корекции за да ја поправи штетата, но нејзиното лице сепак останало деформирано.

Како што открива самата, нашла лекар кој успеал да отстрани дел од инјектираната смеса, но ја предупредил дека може да ѝ останат голем и лузни ако отстранат уште.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...

Најчитани неделава