Ѝ инјектирале масло и вода наместо филер: Актерка од Мексико непрепознатлива поради деформираното лице
Покрај лошо изведена козметичка процедура, Лин привлекувала внимание и со други скандали.
Актерката 25 години беше во брак со сопругот кој почина од рак во 2008 година.
По неговата смрт, изјави дека толку многу тагувала по него, што му го откопала мртвото тело. Ова не е потврдено и некои веруваат дека изјавата е само маркетиншки трик, бидејќи во минатото давала лажни скандалозни изјави за да промовира свои настапи и слично.
Исто така, има изјавено дека имала афера со поранешниот претседател на Мексико, но не откри за кого точно станува збор.
Лин е активна на Инстаграм има над 400.000 следбеници. Уште танцува, а повремено во интервјуа пробува да ја зголеми свесноста за посета на непроверени козметички салони.
Спирова С. | Црнобело