Имаше афера со Шенон Доерти, почина од рак една година по нејзината смрт: Факти за актерот Џулијан Мекмахон
- Детали
- понеделник, 07 јули 2025
Џулијан Мекмахон, најпознат по улогата на Кол во „Волшебнички“ во тајност боледувал со рак и, за жал, ја изгуби битката. Фановите ја споредуваат неговата трагична смрт со онаа на Шенон Доерти – колешката од „Волшебнички“ со која се шпекулираше дека имал афера.

На 2-ри јуни почина актерот Џулијан Мекмахон, најпознат по улогата во популарната серија Charmed.
Веста за неговата смрт беше споделена во петокот (04.07) и јавноста дури тогаш дозна дека актерот имал рак.
Џулијан ја изгуби битката на само 56-годишна возраст, и тоа во период кога успеваше да се пробие во Холивуд со поголеми филмски проекти.
Во мај минатата премиерно беше прикажан неговиот нов филм The Surfer, каде што глуми „рамо до рамо“ со Николас Кејџ. И, со ова актерот ја најави неговата цел да се оттргне од сериите и да се фокусира на филмови.
Но, животот имал други планови…
Неколку факти за актерот чиј живот згасна прерано:
Џулијан Мекмахон се прослави во родната Австралија со сапуницата Home and Away. Тој се појави во серијата во 1990 и 1991 година, пред да отиде во САД со желба да се пробие во Холивуд.
Овде, тој доби улога во друга сапуница – Another World – и почна да го привлекува вниманието на продуцентите на ТВ серии.
Постојано се појавуваше во некоја серија, а во 2004 година успеа да заработи и номинација за Златен глобус во категоријата најдобар актер.
Една од попознатите улоги на Џулијан е во медицинската драма Nip/Tuck, но и култната Charmed (Волшебнички) која беше огромен хит кај нас.
Додека се емитуваше Charmed, Џулијан беше поврзуван со колешката Шенон Доерти.
Трагично, пред околу една година, Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот – слично како и Џулијан неодамна.
Се претпоставува дека врската на Шенон и Џулијан траела околу една година, во периодот 2000-2001.
Претходно, во 1994 година, Џулија се венча со Дани Миног – сестрата на пејачката Кајли Миног.
Иако изгледаа како совршен пар, нивниот брак траеше само 18 месеци. По разводот Дени откри дека мајка му на Џулијан ја осудувала нивната врска.
„Немавме никаков однос – не ми зборуваше, не смеев да ѝ се приближам ако сме во иста куќа, ни рече дека нема да дојде на свадбата“, има изјавено Дени.
Ова, заедно со натрупаните распореди и на двајцата, било причина да се разведат.
Потоа, во 1999-та, Џулијан се венча со актерката Брук Бурн, а заедно добија и ќерка.
Актерот со ќерка му