Имаше афера со Шенон Доерти, почина од рак една година по нејзината смрт: Факти за актерот Џулијан Мекмахон
Но, овој брак беше одбележан со скандали – токму додека беше венчан со Брук, почна да се шпекулира дека Џулијан има афера со Шенон Доерти.
Наводно, Брук дознала за аферата преку медиумите и тоа го означило крајот на нивниот брак.
Актерот конечно ја најде својата сродна душа во 2003 година, кога ја запозна Кели Паниагуа.
Поради лошо искуство од претходните јавни врски, Џулијан и Кели постојано се криеја од јавност и за нивниот однос не се знаеше скоро ништо.
По десет години заедно, Џулијан ја побара за жена, а во 2014-та е венчаа со интимна церемонија. И, останаа заедно до смртта на актерот.
Кели беше таа што му откри на светот дека Џулијан имал рак и дека ја изгубил битката.
„Со отворено срце, сакам да споделам со светот дека мојот сакан сопруг, Џулијан Мекмахон, почина мирно неделава, по храбриот обид да го победи ракот.
Џулијан го сакаше животот. Го сакаше неговото семејство. Ги сакаше неговите пријатели. Ја сакаше неговата работа и ги сакаше неговите фанови. Најголемата желба му беше да донесе радост во што е можно повеќе животи“.
Само две години пред да почине, Џулијан ја напушти серијата FBI: Most Wanted во која глумеше дури три сезони.
Тој сакал повеќе да се фокусира на филмови и набрзо потоа ја доби улогата во филмот The Surfer.
Филмот се покажа како голем успех и како да му го поплочи патот на Џулијан за други поголеми проекти.
Се претпоставува дека до премиерата на филмот во 2024-та, Џулијан веќе бил дијагностициран со рак бидејќи на фотографиите од премиерата изгледа послабо од вообичаено.
Но, успешно ја криел битката со болеста од јавност.
Неговата сопруга не откри повеќе детали за болеста на актерот и само ја замоли јавноста да ја почитува нејзината и приватноста на семејството.
Спирова С. | Црнобело