Џенифер Анистон на Мајорка со згоден гуру, по заедничкиот одмор во Калифорнија: Дали конечно најде љубов? (фото)
- Детали
- среда, 09 јули 2025
Џенифер Анистон беше забележана на Мајорка во друштво на гуру и хипнотерапевт, а минатиот месец била со него во ресорт во Калифорнија. Актерката и гуруто се следат на Инстаграм повеќе од две години, а Џенифер неодамна откри дека одела на хипноза, најверојатно кај него.

По неуспешните бракови со Бред Пит и Џастин Теру и низа шпекулации за романтични врски, изгледа Џенифер Анистон успеала да најде љубов, но овој пат настрана од светот на шоубизнисот.
56-годишната актерка го прослави 4-ти јули, Денот на независноста на САД, во друштво на згоден гуру кој е популарен на Инстаграм.
Џенифер беше забележана на Мајорка со Џим Куртис, кој за себе вели дека е „лајф коуч“ за трансформација, како и хипнотерапевт.
На ексклузивните фотки од Daily Mail, Џенифер и Џим излегуваат од аеродромот и влегуваат во автомобил.
Пред да влезат во автомобилот, се гледа како Џенифер го запознава Џим со актерот Џејсон Бејтман кој ѝ е добар пријател.
Според изворите на Daily Mail, оттаму сите се упатиле на забава на јахта.
Откако беа објавени фотките од Мајорка, неколку извори открија дека претходниот месец, Џим и Џенифер биле и во ресорт во Калифорнија.
Парот бил забележа во ресторанот на ресортот каде што се прегрнувале и изгледале во добро расположение.
Иако фотките од 4-ти јули се први од Џенифер и Џим, веќе некое време се шпекулира дека меѓу нив можеби има нешто.
Инстаграм профилот на Џим го следат околу половина милиони корисници, а меѓу нив е и Џенифер. Впрочем, актерката го следи гуруто повеќе од две години, а честопати и му ги лајкува објавите.
Џим редовно објавува инспиративни цитати и пораки за манифестирање и вели дека сака да им помогне на луѓето да најдат љубов.
Тој има напишано и книга, а неодамна Џенифер Анистон се пофали дека ја чита.
Во април, Џенифер откри дека го надминала стравот од летање со помош на хипноза и се претпоставува дека се обратила кај Џим.
Џим, пак, ѝ има оставено срценце во коментар на актерката на објава од април годинава.
Според Daily Mail, Џим Куртис долги години се справувал со хронична болка предизвикана оштетување на ’рбетниот столб. Бидејќи ништо не му помогнало, решил да се обиде со алтернативни методи за лекување.
Кога првпат му се јавила болката, тој бил студент, а вели дека еден од професорите го натерал да ја сака филозофијата, особено учењата од истокот.
„Тој ме научи да медитирам и само да бидам присутен во моментот“, има изјавено во интервју.
Оттогаш, Џим продолжил да истражува и да учи, па денес сака да им помогне на другите да се претворат во најдобрата верзија од себе.
Засега Џенифер се нема огласено за шпекулациите дека нашла нова љубов.
Спирова С. | Црнобело