Ја изневери со проститутка, но му прости: Детали за врската на Хју Грант и Елизабет Харли
- Детали
- сабота, 12 јули 2025
Елизабет Харли и Хју Грант беа во врска уште пет години откако тој ја изневери со проститутка. Откако раскинаа, останаа толку блиски, што актерот е кум на синот на Елизабет. Но, и Елизабет е кума на едно од децата на Хју.

Иако одамна не се заедно, Хју Грант и Елизабет Харли до денес важат за еден од омилените славни парови.
Нивната врска како да ги одбележа 1990-тите, а и многу години по разделбата, успеаја да го задржат пријателскиот однос.
Неколку детали за нивната врска:
Се запознаа на филмски сет
Хју и Елизабет се запознаа на сетот на Remando Al Viento (попознат како Rowing with the Wind) во 1988 година.
Дотогаш Хју се имаше етаблирано како актер, додека за Елизабет, ова беше прва голема улога.
Како што открија и двајцата, многу си се допаднале уште при првата средба.
„Мислам дека и двајцата бевме зачудени од нашите сличности. Како да сме имале исто детство. Се сеќавам дека кога снимавме, си помислив дека изгледа многу добро во костум.
Мошне добро се согласувавме“, има изјавено Елизабет за првите средби со актерот.
Иако уште додека траеше снимањето на филмот беа забележувани заедно, тие официјално ја потврдија врската дури во 1994 година.
До денес се зборува за првото заедничко појавување на парот
Хју и Елизабет првпат се појавија како пар во 1994-та на премиерата на Four Weddings and a Funeral, каде што актерот ја има главната улога.
Аутфитот на Елизабет тогаш можеби привлече и повеќе внимание од фактот дека ја потврди врската со шармантниот актер.
Елизабет се појави со долг црн Versace фустан со висок шлиц и отсечоци украсени со златни безопасни игли.
Тој период Елизабет уште беше почетник во филмската индустрија, па воопшто не очекувала појавувањето со Хју, во баш тој фустан, да се дискутира години подоцна.
„Воопшто не бев подготвена за таа ноќ. Итно морав да најдам фустан за премиерата на Хју, а во тие денови, немав поим од мода. Ми дадоа број од ПР агенција која можела да ми позајми фустан.
Се сеќавам дека отидов во една канцеларија и го извадија фустанот од голема бела вреќа. Го зедов дома, сама се нашминкав и си направив фризура, додека се борев со Хју за да допрам до огледалото во нашиот мал стан.
Воопшто не беше гламурозно како што се денешните подготовки за премиера“, има изјавено актерката.
Иако подготвувањето не било гламурозно, ова појавување ја прослави Елизабет, а ѝ ја лансира и кариерата како модел, бидејќи набрзо потоа доби договор за кампања со Estée Lauder.
Елизабет и Хју станаа најпопуларниот и најомилениот славен пар и ретко кога пропуштаа важен настан.