Ја изневери со проститутка, но му прости: Детали за врската на Хју Грант и Елизабет Харли

Скандалот што им ја разниша врската

Во 1995 година, Хју Грант се најде среде навистина непријатен скандал. Во јуни, полицијата го фати со проститутка во неговиот автомобил и целиот свет преку ноќ дозна за инцидентот.

Дотогаш, Хју и Елизабет беа заедно веќе осум години.

ja-izneveri-so-prostitutka-no-mu-prosti-detali-za-vrskata-na-hju-grant-i-elizabet-harli-04.JPG

По скандалот, Елизабет даде мошне искрено и емотивно интервју за целата ситуација.

„Се чувствував како некој да ме застрелал. Пробував да се утешам со помислата ’Што ако наместо за ова, ти се јавиле дека загинал во сообраќајка‘ – дека е подобро што ми се јавиле за ова, отколку за нешто милијарда пат полошо“.

Елизабет сепак му прости на актерот и само две недели по скандалот, се појави со него на премиерата на филмот Nine Months.

Сепак, подоцна откри дека воопшто не ѝ се одело на настанот.

„Никогаш не сум се чувствувала помизерно“.

ja-izneveri-so-prostitutka-no-mu-prosti-detali-za-vrskata-na-hju-grant-i-elizabet-harli-6.JPG

Останаа блиски и по раскинувањето

По неверството на Хју, тој и Елизабет останаа заедно уште пет години. Сепак, оттогаш односот меѓу нив значително се променил, а почнале и секојдневно да се расправаат за тоа дали да имаат деца.

Во 2000-та, по 13 години заедно, Елизабет и Хју и официјално се разделија, но сепак останаа блиски.

Во 2002 година, Елизабет доби син со продуцентот Стив Бинг, а потоа околу четири години беше во брак со бизнисменот Арун Најар.

Хју Грант, пак, доби две деца со поранешната девојка Тинглан Хонг. Потоа се венча со ТВ продуцентката Ана Еберстин со која доби уште три деца. Тие уште се заедно.

ja-izneveri-so-prostitutka-no-mu-prosti-detali-za-vrskata-na-hju-grant-i-elizabet-harli-11.JPG

Дека бившите партнери се во добар однос докажува и фактот дека Хју е кум на синот на Елизабет, исто како што и таа е кума на едно од неговите деца.

Во 2015 година, Хју Грант даде краката изјава за нивната врска:

„Интересно е што до денес Елизабет ми е најдобрата пријателка. Таа е првата личност на којашто ѝ се јавувам кога имам криза“.

Во 2017-та, и Елизабет прозборе за актерот:

„Разделени сме подолго отколку што сме биле заедно. Бевме во врска 13 години, но веќе 15 години сме најдобри пријатели“.

ja-izneveri-so-prostitutka-no-mu-prosti-detali-za-vrskata-na-hju-grant-i-elizabet-harli-02.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Елизабет Харли на 60 години е поим за сексапил - се појави на црвен тепих вљубена со таткото на Мајл... Кога имаш 60 години и си најсексапилната жена на секој настан... Елизабет Харли ...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...

Најчитани неделава