Манекенката која ги покажа дамките крв од циклус на Вимблдон, сега шета топлес низ Париз (фото)
- Детали
- четврток, 10 јули 2025
Откако доби комплименти за шеговитото видео во кое покажа дека добила циклус во бело здолниште, сега привлече внимание со појавувањата во Париз на кои носи проѕирни блузи и фустани, без градник и не остави ништо на имагинацијата. Секси или невкусно?

Брукс Надер е манекенката која минатиот викенд стана вирален хит на Вимблдон, откако објави видео на кое шеговито покажува дека на белото здолниште има дамка крв од менструација.
Таа доби голема поддршка во коментари, со оглед на тоа што јавно покажа дека на секоја жена може да ѝ се случи нешто вакво.

Прочитајте повеќе: Хит реакција на манекенка која доби циклус на Вимблдон во бело здолниште: „Браво, доста се криеме“ (видео)
Но, освен со оваа непријатна ситуација, таа привлече внимание и со нејзиниот стајлинг, со оглед на тоа што белото здолниште го имаше искомбинирано со црна блуза, со проѕирна чипка во пределот на градите.

Изгледа Брукс обожава да се појавува разголена, без градник, па потоа беше забележана во Париз, како оди на вечера организирана од сопругата на Џеф Безос, Лорен Санчез.

Таму таа ја премина тенката граница за разголеност и беше фотографирана во целосно проѕирна блуза без градник.


Ден потоа, манекенката повторно прошета низ улиците на Париз и ги покажа голите гради кои ѕиркаа од проѕирниот фустан со точки.


Секси самодоверба на високо ниво или претерано?

М. М. | Црнобело