Хит реакција на манекенка која доби циклус на Вимблдон во бело здолниште: „Браво, доста се криеме“ (видео)
- Детали
- вторник, 08 јули 2025
„Девојко, браво, секоја од нас имала ваков проблем и треба да престанеме да се криеме“, „Мило ми е што го сподели ова јавно - ова е секоја од нас“ - се дел од коментарите.

Светски познатата манекенка Брукс Надер, минатиот викенд присуствуваше на Вимблдон.
Таа беше облечена во бело тесно здолниште во форма на сирена, и црна кошула со бели точки и очигледно не очекувала дека додека седи на трибините на еден од светските Гранд слемови, ќе добие циклус, а на нејзиното здолниште ќе се појават големи црвени дамки.

Брукс реши да ја претвори непријатната ситуиација во нешто сосема нормално и да покаже дека не е срамота облеката да ви се извалка од менструацијата - нешто што им се случило на скоро сите жени барем еднаш во животот.

Таа на ТикТок сподели видео на кое ги покажува црвените дамки.
Видеото стана вирално и има преку 2.2 милиони прегледи.

Истовремено, предизвика бројни позитивни реакции од нејзините следбеници, кои имаа само зборови со пофалби за неа.
Тие велат дека е крајно време некој да го нормализира овој чест проблем на жените, и наместо да се кријат и одат со наведната глава, да можат да се движат нормално додека да стигнат дома за да се преоблечат.
„Ова е толку реално“, „Девојко, браво, секоја од нас имала ваков проблем и треба да престанеме да се криеме“, „Мило ми е што го сподели ова јавно - ова е секоја од нас“ - се дел од коментарите.

Шегувајќи се на своја сметка, на Инстаграм Стори Брукс објави уште едно видео - каде што оди „залепена“ за ѕид за да се скрие и како се крие со чантата додека оди меѓу луѓето (нешто што го прават сите жени во оваа ситуација).

Погледнете го видеото:
@brooksnader Of course 🎾 #wimbledon
♬ Cartoon Eye Blinking Sound - Anna
А. Ј. | Црнобело