Колешките на Шенон Доерти со емотивни објави за првата годишнина од нејзината смрт: „Ми гори душата“

Тори Спелинг, Роуз Мекгован и Сара Мишел Гелар ѝ одадоа почит на Шенон Доерти точно една година по нејзината смрт. Актерката почина на 13-ти јули, по долга битка со рак.

koleshkite-na-shenon-doerti-so-emotivni-objavi-za-prvata-godishnina-od-nejzinata-smrt-mi-gori-dushata-01.jpg

Помина точно една година од тажната смрт на Шенон Доерти која на 13-ти јули 2024 почина од рак.

Со емотивни објави, дел од колегите и пријателите ѝ одадоа почит на актерката и се присетија на неа.

Меѓу првите кои споделија објави се Сара Мишел Гелар и Роуз Мекгован.

Роуз Мекгован сподели постарата фотографија од Шенон, со опис:

„Недостасуваш“.

koleshkite-na-shenon-doerti-so-emotivni-objavi-za-prvata-godishnina-od-nejzinata-smrt-mi-gori-dushata-02.JPG

Кратко по смртта на Шенон, Роуз во интервју призна дека една од работите за коишто најмногу се кае е тоа што не се зближила со актерката порано.

Роуз сподели и низа други фотографии и видеа на Инстаграм Стори во чест на Шенон.

„Пред една година мораше да одлеташ, но ние мислиме на тебе секој ден, со љубов и благодарност“, стои во една од објавите на Роуз.

koleshkite-na-shenon-doerti-so-emotivni-objavi-za-prvata-godishnina-od-nejzinata-smrt-mi-gori-dushata-0.JPG

Сара Мишел Гелар сподели компилација од фотографии со Шенон, а во описот стои само емотикон од скршено срце.

Шенон и Сара беа пријателки скоро целиот живот, а кратко по трагичната смрт, Сара изјави:

„Како да ги најдам вистинските зборови за да сумирам 30 години пријателство? Си кажувам дека толку боли бидејќи имаше многу љубов“.

По повод годишнината, се огласи и Тори Спелинг – колешката на Шенон од хит-серијата Beverly Hills.

Тори сподели неколку фотографии од неа и Шенон, со емотивен опис:

„Тагувањето е чудно. Се појавува на различни начини, во различни периоди, но никогаш не избледнува. Исто како сеќавањето. Всушност, како што минуваат деновите, ја гори мојата душа повеќе и повеќе.

Ти и јас веќе го раскажавме почетокот на нашата приказна. Еволуцијата на нашата приказна. Јас живеам потоа, во делот од приказната каде што носам сè што ме научи.

koleshkite-na-shenon-doerti-so-emotivni-objavi-za-prvata-godishnina-od-nejzinata-smrt-mi-gori-dushata-8.JPG

Секогаш им велеше да престанам да се извинувам за себе, да престанам да играм безбедно, да престанам да се обидувам да ме прифатат кога сум родена да бидам моќна. Ме научи да ја вклучам мојата моќ и да заблескам…

Оваа година, навистина се трудев да бидам моќна како што ти веруваше дека можам да бидам. Не ми е страв да кажам дека иако имаше прогрес, имаше и неуспех. Но, неуспехот е лекција, а не казна во нашето патување.

Ти оддавам почит кажувајќи ја вистината погласно… За мене, твоето наследство живее во мојата аура… Ти ветувам, факелот што ми го подаде уште гори и нема да изгасне. Те сакам засекогаш Шенон“.

Во коментари на емотивната објава на Тори, и фановите споделуваат дека уште не можат да ја преболат смртта на актерката која имаше само 53 години.

„Уште не сакам да верувам дека никогаш повеќе нема да ја видиме или да ја слушнеме нејзината смеа“.

„Уште е тешко да се поверува. Шенон засекогаш ќе ни биде идол“.

„Беше висински борец“.

koleshkite-na-shenon-doerti-so-emotivni-objavi-za-prvata-godishnina-od-nejzinata-smrt-mi-gori-dushata-7.JPG

Шенон Доерти со години водеше битка со ракот – првата дијагноза за рак на дојка ја доби во 2015 година, а потоа, во 2020-та, откри дека болеста ѝ се вратила.

Потоа ракот почнал да се проширува и на другите делови од телото, но Шенон не се откажуваше од битката до последниот миг.

Актерката отворено зборуваше за нејзината здравствена состојба, неретко споделувајќи фотографии и видеа од третманите.

Почина на 13-ти јули 2024-та, а како што кажа нејзиното семејство, во последните мигови била опкружена со саканите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Милионски долгови од пред 10 години, планови за OnlyFans за да заработи нешто: Финансиските проблеми... Неодамна Тори Спелинг доби (уште една) тужба за неисплатен долг и тоа во износ о...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...

Најчитани неделава