Беше биполарна, живееше на улица и јадеше од контејнери, изврши самоубиство: Трагедиите на актерката Марго Кидер
- Детали
- сабота, 19 јули 2025
Марго Кидер се прослави со улогата во филот Superman. Но, цел живот имаше биполарно нарушување, а бидејќи одбиваше третман, еден период исчезна и помина пет дена на улица. Кон крајот на животот, во домот почна да собира зависници со надеж дека ќе ги излечи, но тие ја ограбуваа и почнаа да прават дрога во нејзиниот подрум. Иако тврдеше дека е добра, Марго си го одзеде животот во 2018 година.

Актерката Марго Кидер се прослави со улогата на Лоис Лејн во филмот Superman од 1978 година.
Рамо до рамо со Кристофер Рив, Марго стана ѕвезда преку ноќ, за потоа да се појави во уште три филмови од франшизата за познатиот суперхерој.
Иако не ѝ недостасувале слава и внимание од јавноста, приватно, Марго се справувала со сериозни проблеми со менталното здравје.
Поради нејзиниот трагичен живот, многумина сметаат дека и таа станала жртва на „проклетството на Супермен“ – урбаната легенда дека секој кој работел на франшизата за суперхеројот го следи несреќа.
Па, додека нејзиниот колега Кристофер Рив остана парализиран и животот го помина во количка, Марго имаше биполарно нарушување, помина неколку денови на улица, за на крај да посегне по својот живот.
Детали за тажниот живот на убавата актерка:
Родена во Канада, голем дел од детството Марго поминала во селење поради професијата на нејзиниот татко.
Како што има изјавено самата, уште во детството се сомневала дека нешто не е во ред со нејзиниот мозок, односно дека има проблеми со менталното здравје.
Марго првпат пробала да изврши самоубиство на само 14-годишна возраст, откако ѝ раскинал тогашниот дечко. Но, ни ова не било доволно за нејзиното семејство да преземе нешто во врска со менталната состојба на актерката.
„Никој не помисли да ме испрати на психијатар. Мислеа дека сум само тинејџерка со скршено срце“, има изјавено Марго.
Додека растела, Марго имала една страст – глумата – но вели дека никој не ја охрабрувал да си го следи сонот.
„Никој не ме сфаќаше сериозно и мислеа дека се шегувам. Но, јас знаев дека не сакам да останам да живеам во мал град, да се венчам и да раѓам бебиња. Сакав да го искусам светот“.
Марго се запишала на факултет, но по само една година ги напуштила студиите и се преселила во Торонто да си ја проба среќата како актерка.
Успеала да постигне некаков успех во родната Канада, а потоа се преселила во Лос Анџелес каде добила улога во серија.
Кратко откако пристигнала во САД, Марго почнала афера со писател кој бил во брак. Поради неа, писателот се развел и во 1975-та со Марго добиле ќерка, по што се венчале.
Подоцна Марго има изјавено дека тешко се снаоѓала во улогата на мајка.
„Одлучив дека првпат во мојот живот, ќе му се посветам на некој маж, дека ќе бидам сопруга и мајка. Си реков дека ќе дадам сè од себе, дури и ако треба да се уништам.
Но, не можев да се посветам. Најголем дел од времето се криев во гардероберот и плачев“.
Изморена од домаќинскиот живот, Марго решила повторно да ѝ се врати на актерската кариера, па отишла на аудиција за филмот Superman.
Поради хемијата што ја имале со колегата Кристофер Рив, веднаш ја добила улогата, а по премиерата на филмот, стана ѕвезда преку ноќ.
Новостекнатата слава ѝ помогна не само во актерската карера, туку и да се ослободи од сопругот кој почнувал да ја задушува.
Сепак, набрзо сфатила дека баш и не ѝ годи целото внимание од јавноста.
„Знаев дека треба да ставам маска, да го скријам моето лице кога одам во јавност. Но, ова не ми одеше најдобро и постојано бев во паника, бев анксиозна“.
Марго постојано водела битка со менталното здравје, за во 1988 година да биде дијагностицирана со биполарно нарушување. Но, не сакала да прифати никаков третман.
Како што кажуваше самата: „Тешко е да убедите манична личност дека има проблем и дека ѝ треба помош“.