Почнаа врска кога имала 14 години, двапати се венчаа и разведоа: Бурната љубов на Мелани Грифит и Дон Џонсон

Мелани Грифит имала само 14 години кога ја почнала врската со тогаш 22 годишниот Дон Џонсон. Се венчаа и разведоа двапати, а плод на нивната љубов е актерката Дакота Џонсон.

pochnaa-vrska-koga-imala-14-godini-dvapati-se-venchaa-i-razvedoa-burnata-ljubov-na-melani-grifit-i-don-dzhonson-01.jpg

Мелани Грифит и Дон Џонсон, иако веќе не се заедно, важат за еден од најпопуларните холивудски парови.

Тие се родители на актерката Дакота Џонсон, а можеби најпознати се по фактот дека се венчаа, но и се разведоа двапати.

Детали за љубовната драма на Мелани Грифит и Дон Џонсон:

Ја почнале врската кога Мелани била малолетна

Во 1972 година, Дон Џонсон снимал филм со мајка ѝ на Мелани Грифит. Тогаш актерот имал 22 години, а Мелани – 14.

Мелани откри дека одела на сетот со мајка ѝ и кога првпат го здогледала Дон, помислила дека е „најубавиот човек во светот“. И, без разлика на возрасната разлика, тие почнале врска.

Очекувано, мајка ѝ на Мелани се противела на нивната врска, но сфатила дека нема да ја послушаат и решила да попушти.

Дон, пак, има дадено малку бизарна изјава за почетоците на нивната врска.

„Бев скептичен поради нејзината возраст, но таа беше повеќе жена од девојките со коишто јас излегував“.

Тој период Мелани не беше славна, но Дон веќе беше познат, па беше критикуван за врската со малолетничка која уште не завршила основно. Додека да наполни 15 години, Мелани почна и да живее со Дон.

pochnaa-vrska-koga-imala-14-godini-dvapati-se-venchaa-i-razvedoa-burnata-ljubov-na-melani-grifit-i-don-dzhonson-02.JPG

Првиот брак беше осуден на пропаст

Штом Мелани наполни 18 години, Дон ја побара за жена. Мајката на актерката повторно пробала да ги раздели, но и покрај ова, тие се венча во Лас Вегас. Сепак, нивниот брак траеше само шест месеци.

Многу години подоцна, во интервју, и двајцата открија дека уште на почетокот чувствувале дека бракот ќе пропадне. Врската веќе не им била во најдобра состојба, но очекувале дека бракот ќе им ги реши проблемите.

„Никако не ни одеше, но не можевме да се разделиме. Мислевме дека ако се венчаме ќе биде подобро.

Но, не беше. Па, како да се венчав за да можам да ставам крај на врската“, има изјавено Мелани.

Речиси веднаш по финализирањето на разводот, Мелани се венча со актерот Стивен Бауер, а Дон почна сериозна врска со колешка. Од овие врски, и двајцата добија дете.

pochnaa-vrska-koga-imala-14-godini-dvapati-se-venchaa-i-razvedoa-burnata-ljubov-na-melani-grifit-i-don-dzhonson-04.JPG

И двајцата беа зависници

Голем удел во првиот развод на Мелани и Дон имал и фактот што и двајцата биле зависници.

Дон самиот има откриено дека почнал да користи дрога и да пие многу алкохол кон крајот на 1970-тите. Па, кога живеел со Мелани, штом ќе завршел со работа, доаѓал дома и само пиел. Актерот сфатил дека мора да се ослободи од пороците откако го добил првото дете (по првиот развод од Мелани).

Проблемите со зависност на Мелани почнале додека била со Дон, а продолжиле и по разводот. Актерката пиела толку многу алкохол, што била и казнета бидејќи предизвикувала проблеми на филмските сетови.

Кога станала свесна колку сериозен е нејзиниот проблем, побарала помош од Дон кој, пак, ја охрабрил да отиде во клиника за рехабилитација.

Подоцна, Мелани има изјавено дека овој период бил особено важен во односот со Дон и дека го диктирал она што се случувало понатаму.

pochnaa-vrska-koga-imala-14-godini-dvapati-se-venchaa-i-razvedoa-burnata-ljubov-na-melani-grifit-i-don-dzhonson-6.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...

Најчитани неделава