Почнаа врска кога имала 14 години, двапати се венчаа и разведоа: Бурната љубов на Мелани Грифит и Дон Џонсон
Втора шанса на врската
Откако и двајцата „отрезнаа“, Мелани и Дон решија да ѝ дадат нова шанса на врската. Една година откако Мелани отиде во центар за рехабилитација, Дон ја запроси по вторпат.
Тие се венчаа неколку месеци подоцна со мала церемонија.
Кратко пред свадбата, Мелани откри дека била сигурна дека вториот пат бракот ќе биде успешен.
„Сега многу работи се подобри. Си останавме пријатели и бевме во контакт. Меѓу нас отсекогаш имало некаква конекција. Не можам да ја објаснам.
Како да сме сродни души… Секогаш ќе го сакам – тој е мојата прва љубов“.
Ја добија ќерката Дакота Џонсон
Првите години од вториот брак беа навистина добри за парот – немаа проблеми со зависност, беа среќни и мошне успешни во филмската индустрија. Уште во првата година од бракот, ја добија и ќерката Дакота Џонсон.
Дакота, пак, многупати има зборувано за нејзиното чудно детство бидејќи постојано морала да патува со родителите поради нивната професија.
„Ме одгледаа многу луѓе – мајка ми и татко ми, но и баби и дедовци, дадилки, тутори, родители на пријатели…
Но, благодарна сум на родителите и на начинот на живот бидејќи тоа ме направи личноста којашто сум денес“.
Дакота има откриено дека и родителите ја молеле да не стане актерка бидејќи биле свесни за товарот што доаѓа со кариерата.
Но, повторно се разделија
По неколкуте „златни години“, проблемите на Дoн и Мелани повторно почнаа. Во 1994-та, Дон отиде во центар на рехабилитација за зависност од алкохоли лекови.
Пред да оди на рехабилитација, се појавија гласини дека ја изневерил Мелани и добил дете со друга жена, а даде и навистина срамно интервју под дејство на алкохол.
Почна да се шпекулира дека ќе се разведуваат и гласините само се засилија откако Дон отиде на рехабилитација.
Истата година, Мелани поднесе барање за развод кој беше финализиран во 1996-та. Со ова, дефинитивно беше означен крајот на љубовта на актерите.
Штом се финализира разводот, Мелани истата година се венча со Антонио Бандерас, а набрзо потоа и Дон стапи во брак.
Сепак, и покрај целата драма, тие се во одобри односи и честопати заедно се појавуваат на настани, најмногу како поддршка за ќерка им Дакота.
Спирова С. | Црнобело