Почина Ози Озборн на 76 години, неколку недели по прошталната свирка со бендот

Хеви метал ѕвездата, Ози Озборн, почина на 76-годишна возраст неколку недели откако имаше проштална свирка со бендот Black Sabbath. Семејството ја соопшти тажната вест, но не ја објави причината за смртта. 

pochina-ozi-ozborn-na-76-godini-nekolku-nedeli-po-proshtalnata-svirka-so-bendot-01.jpg

Ози Озборн, познат и како мрачниот принц, почина на 76 години, а неговото семејство ја соопшти веста.

„Со поголема тага отколку што можат да опишат зборовите, мораме да соопштиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово.

Тој беше со неговото семејство и опкружен со љубов. Бараме од сите да ја почитуваат приватноста на нашето семејство во моментов“ – стои во соопштението.

Музичката икона, кој беше основач и фронтмен на групата Black Sabbath, неодамна, на почетокот на јули имаше проштален концерт со бендот во Бирмингем.

pochina-ozi-ozborn-na-76-godini-nekolku-nedeli-po-proshtalnata-svirka-so-bendot-06.jpg

Тој беше препознатлив по неговите енергични и контроверзни настапи во живо, а во 2000-тите заедно со семејството станаа ријалити ѕвезди, во шоу кое го претставуваше нивниот хаотичен живот.

pochina-ozi-ozborn-na-76-godini-nekolku-nedeli-po-proshtalnata-svirka-so-bendot-2.jpg

Ози Озборн е нарекуван „кум на хеви метал музиката“ бидејќи го поплочи патот до успехот за останатите изведувачи од овој жанр. Всушност, за многумина, тој е личноста која ја измислила хеви метал музиката.

Сепак, и покрај тоа што беше талентиран музичар, привлекуваше многу внимание и со скандалите. 

pochina-ozi-ozborn-na-76-godini-nekolku-nedeli-po-proshtalnata-svirka-so-bendot-02.jpg

Засега нема информации за причината за смртта, но познато е дека во 2019-та му беше дијагностицирана Паркинсонова болест.

Прочитајте повеќе: Под дејство на дрога пробал да ја задави сопругата, одгриза глава на лилјак на концерт: Факти за скандалозниот Ози Озборн

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Шерон Озборн скршена од болка, скриени симболи на облеката - Како семејството му оддаде почит на Ози... Шерон имаше ланче со прстенот кој Ози го го носел во 2017 година, кога ги обнови...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава