Проба да ја убие, ја изневеруваше, со месеци се криеше од неа: Како Шерон Озборн го „смири“ Ози (и зошто остана со него)?

Кога ќе дознаете што сè трпела Шерон Озборн од сопругот Ози, ќе ви биде нејасно зошто останала со него. Но, таа не само што го охрабрила да се откаже од пороците, туку му давала идеи како да продолжи со работа и да заработува милиони и остана со него до самиот крај.

proba-da-ja-ubie-so-meseci-se-krieshe-od-nea-kako-sheron-ozborn-go-smiri-skandalozniot-ozi-i-zoshto-ostana-so-nego-01.jpg

По долга битка со Паркинсонова болест, Ози Озборн почина на 76-годишна возраст.

Зад себе остави богато музичко наследство, но и бројни скандали што го направија и попознат од музиката што ја создаваше.

Еден од најпознатите инциденти на Ози Озборн се случи на концерт во 1982 година, кога на сцена одгриза глава од лилјак. Подоцна пејачот тврдеше дека бил пијан и мислел дека лилјакот е играчка, но штом сфатил дека е жив, го прекинал настапот за да добие вакцина против беснило.

proba-da-ja-ubie-so-meseci-se-krieshe-od-nea-kako-sheron-ozborn-go-smiri-skandalozniot-ozi-i-zoshto-ostana-so-nego-10.JPG

Свесен за големината на скандалот, самиот имаше изјавено:

„На мојата надгробна плоча ќе пишува – Роден: 3-ти декември 1948. Почина: кога било. И, му одгриза глава на лилјак“.

Но, во сите скандали, подеми и падови, покрај Ози секогаш беше неговата сопруга Шерон која како да успеа да го смири бунтовниот музичар.

proba-da-ja-ubie-so-meseci-se-krieshe-od-nea-kako-sheron-ozborn-go-smiri-skandalozniot-ozi-i-zoshto-ostana-so-nego-17.JPG

Детали за животот на Ози Озборн и љубовта со сопругата Шерон:

Ози Озборн бил роден во Англија, во семејство со шест деца, кое живеело во куќа која немала ни тоалет.

Бидејќи имал сериозна дислексија, која ќе му биде дијагностицирана многу подоцна, наставниците честопати го тепале за да го натераат да научи да чита.

Веројатно ова насилство донекаде е одговорно за „будењето“ на бунтовната страна на Ози, кој уште во училиште правел многу бељи.

proba-da-ja-ubie-so-meseci-se-krieshe-od-nea-kako-sheron-ozborn-go-smiri-skandalozniot-ozi-i-zoshto-ostana-so-nego-05.JPG

Бидејќи не можел да чита, ниту да учи, откако наполнил 15 години тешко наоѓал работа, а кога ќе најдел, бил бркан поради кражби, но и користење дрога.

Поради кражба, Ози поминал и три месеци во затвор, но по овој инцидент, како да му се променила среќата.

Поранешен школски пријатели му кажал дека ќе прави бенд, па му понудил на Ози да биде пејач. И, ова се почетоците на Black Sabbath – бендот што ќе го направи Ози светски познат.

proba-da-ja-ubie-so-meseci-se-krieshe-od-nea-kako-sheron-ozborn-go-smiri-skandalozniot-ozi-i-zoshto-ostana-so-nego-02.JPG

Иако бендот почнал да се прославува, долго време Ози и Black Sabbath не настапувале надвор од Англија. Овој период тој ја запознал и првата сопруга Телма.

Но, штом тргнале на турнеја низ САД, Ози открил потполно друга страна на животот на славните музичари.

Додека сопругата била бремена со нивното прво дете, Ози и бендот организирале забави во хотелските соби во САД со многу дрога, но и секс.

Ова продолжило во наредните неколку години, а Ози станал зависен од кокаин и хероин.

proba-da-ja-ubie-so-meseci-se-krieshe-od-nea-kako-sheron-ozborn-go-smiri-skandalozniot-ozi-i-zoshto-ostana-so-nego-11.JPG

Кога сфатил дека си го загрозува здравјето, решил да се отрезни, па се вратил во Англија и купил куќа на село.

Но, обидот за рехабилитација бил неуспешен – Ози станал опседнат со оружје и постојано стрелал низ дома, па неговиот брак се распаднал. Поради проблемот со дрога и алкохол, бил избркан и од бендот.

proba-da-ja-ubie-so-meseci-se-krieshe-od-nea-kako-sheron-ozborn-go-smiri-skandalozniot-ozi-i-zoshto-ostana-so-nego-04.JPG

Кога мислел дека изгубил сè, во неговиот живот се појавила Шерон Арден – ќерка на неговиот поранешен менаџер.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg